Контакт

Daily news

Министерот за образование го посети студентскиот дом „Пелагонија“

Објавено пред

Министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу, денеска го посети студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје, каде во изминатиот период беа реализирани неколку капитални инвестиции како дел од владиниот план за унапредување на условите за сместување и престој на студенти во овој, но и во сите други студентски домови под надлежност на државата.

Имено, во сите соби во студентскиот дом „Пелагонија“ поставени се нови кревети, душеци, маси, столови, бироа и плакари, во вредност од 20 милиони денари, а во рамки на вкупната инвестиција од 100 милиони денари кои МОН ги обезбеди за набавка на целосно нов мебел во сите државни студентски домови.

Во меѓувреме, инвестирани се седум милиони денари за реконструкција на бањите, а поставена е и нова внатрешна столарија.

Исто така, за потребите на домот „Пелагонија“ набавени се и машини за перење и сушење, кои веќе се инсталирани и студентите интензивно ги користат. За потсетување, нови машини за перење и сушење алишта во изминатиот период набавени се и во сите други домови, за што Министерството за образование и наука одвои над 11 милиони денари.

За време на посетата, министерот Лутфиу оствари средба со директорот, Бујар Муртезани, кој го информираше за тековното работење на домот, но и за задоволството на студентите од значително подобрените услови во објектот.

Лутфиу истакна дека активностите за подигнување на студентскиот стандард, особено во делот на сместувањето и престојот на студентите во домовите, ќе продолжат и во периодот што следи. /крај/со/ст

Најново

Забава6 часа

Најскапата фотографија на денот: „Моќта е во косата“

Една фотографија, двајца фудбалски великани и милиони реакции. Златан Ибрахимовиќ објави фотографија на Инстаграм на која стои лице в лице...

Забава6 часа

Мадона влезе во историјата на Билборд топ листите со новиот албум

Мадона уште еднаш го потврди својот статус на Кралица на попот со освојувањето на првото место на Билборд 200 топ...

Македонија7 часа

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности...

Спорт7 часа

ПСЖ сериозно заинтересирани за голманот на Парма

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Заион Сузуки, објавуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека двократниот последователен шампион...

Македонија8 часа

(Видео) Спасовски: Навреди кон пратениците на СДСМ, бараме извинување од Гаши

Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара...

Спорт8 часа

Родри: не е добра опција да се надигруваме со Франција

Капитенот на европскиот првак Шпанија, пред полуфиналниот натпревар со Франција, на Светското првенство, им порача на соиграчите да бидат претпзливи....

Спорт8 часа

Европскиот првак ќе се засили со Лукас Дињ

Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, ќе стане првото засилување во летниот преоден рок на двократниот европски шампион Пари Сен...

Македонија8 часа

(Видео) Филипче: Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд...

Спорт8 часа

Манчестер Јунајтед донесе фудбалер на Челзи за 58.000.000 евра

Додека ги финишира преговорите со Јури Тилеманс и Астон Вила, Манчестер Јунајтед го официјализираше своето прво засилување за сезоната 2026/27....