Контакт

Daily news

Министерството за земјоделство воведува контрола – нема непотребни трошоци за пат, телефони, службени ручеци и возила

Објавено пред

Министерството за земјоделство ќе го контролира трошењето на буџетските средства за патни трошоци, телефони, службени ручеци и возила. Како што соопштија од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, донесени се нови пет Упатства со кои се регулираат сегменти од работењето на институцијата во насока на подобрување на контролата на трошењето на буџетските средства, а во интерес на поефикасна искористеност на човечкиот и институционален капацитет на министерството.

Донесени се Упатства за службени патувања на вработените во Министерството, со кои се уредува начинот, постапката како и прецизни и строги правила во исплатата на надоместокот за патни трошоци во земјата и во светот. Потоа Упатство за користење на службените телефони, со кој се уредува целиот процес од постапка за набавка и користење до износот и плаќањето на сметката. За користење на угостителски услуги на товар на буџетот на МЗШВ изготвено е Упатство со кое се регулира точно кои услуги, корисници, вид, начин и постапка за користење на угостителските услуги за службени потреби. Со новите упаства ќе се има јасен увид во трошењето на финансиските средства на МЗШВ предвидени за прекувремена работа, ноќна работа, а ќе се води поголема сметка и за користењето на службените возила на министерството. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе продолжи да работи транспарентно и отчетно.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт9 минути

Kолку заработи Англија со бронзата на Светското првенство

Англија освои бронзен медал на Светското првенство, откако во спектакуларниот натпревар за третото место ја победи Франција со 6:4. Покрај...

Култура14 минути

Стоечки овации за Ана и Игор Дурловски на „Охридско лето“

Македонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот...

Спорт7 часа

Спектакл во Мајами – Сака со хет трик ја сруши Франција во последниот меч на Дешан

Англиската репрезентација ја победи Франција со 6:4 во спектакуларен натпревар за 3-то место на СП и го освои бронзениот медал....

Спорт10 часа

Челзи го договори трансферот на Морган Роџерс

Челзи постигна усмен договор со Астон Вила и Морган Роџерс кој ќе стане еден од најплатените играчи. Астон Вила ја...

Црна хроника11 часа

Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син со месеци бил физички малтретиран во Аеродром

МВР истражува случај на врсничко насилство во Аеродром. Мајка од Скопје пријавила дека нејзиниот син со месеци бил физички малтретиран...

Забава11 часа

И по разводот функционираат како тим: Џенифер Гарнер го пофали Бен Афлек дека е одличен татко

Џенифер Гарнер ретко зборува за односот со поранешниот сопруг Бен Афлек, но во ново интервју откри дека тој е „неверојатен...

Црна хроника11 часа

Се превртел багер во Гостивар, тешко повреден 38-годишен маж

Триесет и осумгодишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако багерот со кој изведувал работи се превртел на улицата...

Спорт11 часа

Невремето ги наруши подготовките за финалето: На Шпанија ѝ го откажаа, на Аргентина ѝ го одложија тренингот

Силно невреме со дожд и грмежи ги наруши последните подготовки на Шпанија и Аргентина пред финалето на Светското првенство. Тренингот...

Црна хроника12 часа

Пукано кон објект на фирма во Тетово, пронајдени 11 чаури

Непознати сторители со огнено оружје пукале кон објект на фирма во Тетово, при што биле оштетени објектот и неколку возила....