Контакт

Daily news

Министерство за култура: Вељановски незаконски издавал дел од објектот на Драмскиот театар

Објавено пред

Министерството за култура денеска донесе решение за разрешување на Роберт Вељановски од функцијата директор на Националната установа Драмски театар – Скопје.

За вршител на должноста директор на театарот го назначи актерот Сашо Тасевски, член на ансамблот на Драмски театар.

По бурните реакции во јавноста, Министерството за култура ги образложи и причините за разрешување на Вељановски од директорката функција.

Од Министерството велат дека во изминатиот четиригодишен период Вељановски нема спроведено постапка за реаудиција.

Исто така, инспекцијата констатирала и дека незаконски бил издаван под закуп дел од објектот на Националната установа, простор што е во сопственост на Република Македонија, со оглед  дека претходниот договор за закуп бил истечен на 14.2.2015 година.

Исто така, наведува Министерството, не се водела соодветна евиденција за работното време на вработените, предвидена со Законот за работните односи, а досегашниот директор Вељановски донел и годишна програма за работа на установата без согласност на Управниот одбор.

„Министерството за култура потсетува дека именувањето в.д. директори се прави со цел што побрзо ослободување на клучните институции, кои досега беа заробени од партиски кадри“, се вели во соопштението.

Од Министерството информираат дека најбргу што може ќе биде предложена измена на Законот за државните службеници со цел да се деблокираат институциите и да се обезбеди демократски трансфер на власта во сите ресори.

„Појаснуваме дека по исполнување на законските услови, низ целосно отворен и транспарентен процес, Министерството за култура ќе распише конкурси и ќе спроведе постапки за избор и именување нови директори на националните установи“, се вели во соопштението од Министерството за култура.

Најново

Свет4 часа

Трамп ќе го засили економскиот притисок врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега е подготвен да го засили економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова...

Свет5 часа

Ескалира дипломатскиот судир меѓу Шпанија и Италија поради граничните контроли и мигрантите

Односите меѓу Шпанија и Италија сериозно ескалираа откако двете членки на Европската Унија меѓусебно си воведоа гранични контроли, а последиците...

Регион6 часа

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија

Холандски портал проанализира огромен број пакет-аранжмани за летување на Медитеранот. Бројките јасно ја покажаа исплатливоста на поместувањето на годишниот одмор...

Македонија6 часа

Мерџаноски: Стабилна е состојбата на момчето повредено во Турција, започната е физикална терапија

Стабилен е младиот пациент кој се здоби со сериозна повреда на рбетот во Кушадаси, изјави за медиумите директорот на Клиниката...

Црна хроника6 часа

Трагедија во Ресенско: мотоциклист излета од патот и загина

Четириесет и четиригодишен жител на селото Љубојно загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утринава во Ресенско, соопшти...

Забава6 часа

Истражување: Некои бои на облеката привлекуваат комарци повеќе од другите

Летните вечери често носат борба со комарците, а новото научно истражување од Универзитетот во Вашингтон, објавено во списанието „Нејчр Комјуникејшнс“,...

Црна хроника6 часа

Приведен 17-годишник во Скопје: нападнал полицаец кој му укажувал помош

Седумнаесетгодишник од скопско бил приведен откако физички нападнал полициски службеник кој се обидел да му помогне, соопшти Министерството за внатрешни...

Забава7 часа

Не поднесуваат лажна љубезност: хороскопски знаци кои не можат да скриат кога некој им оди на нерви

Некои луѓе лесно ги кријат емоциите, но кај други уште во првите неколку секунди се гледа што мислат за соговорникот....

Спорт7 часа

Влаховиќ е блиску до трансфер во Бешикташ

Српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ се наоѓа пред конечна одлука околу тоа каде да ја продолжи кариерата. Бешикташ во моментоцв...