Daily news
Мицковски: Договорот со Бугарија има сериозни недостатоци
ВМРО-ДПМНЕ има политички став дека неодговорната влада на Социјалдемократскиот сојуз потпиша штетен договор со Република Бугарија, изјави Христијан Мицкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, со договорот не се дефинира македонскиот народ како реална и идентитетска посебност, а Зоран Заев срамно и недостојно се откажува од грижата на македонското национално малцинство.
„Договорот предвидува опасна можност за промена на македонските учебници и другите идентитетски обележја кои се дел од нашето историско наследство. Она што е особено проблематично е што со овој договор Република Бугарија ќе има можност да го преиспита однесувањето на Република Македонија на целокупниот наш пат кон Европската Унија бидејќи Заев прифати тие да имаат можност да не дозволат отворање, ама на баш секое поглавје од преговорите за членство доколку не се исполнат нивните цели и позиции. Тоа значи нови проблеми и нови последици за Република Македонија. И за ова е одговорен и ќе биде одговорен исклучиво господинот Зоран Заев“, рече Мицковски.
Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против Бугарија.
„Ние немаме ништо против Република Бугарија, напротив, мислиме дека Република Македонија и Република Бугарија треба да ги унапредат добрососедските односи на вистинско и на обострано задоволство и интерес, а македонскиот и бугарскиот народ да ги унапредат пријателството и соработката“, рече Мицковски.
Тој повторно побара од Социјалдемократскиот сојуз да се повлече од договорот.
„Не е доцна, минута до 12. Апелираме на совеста на пратениците на Социјалдемократскиот сојуз да не го поддржат овој договор. Не е доцна, вие пратениците од Социјалдемократскиот сојуз имате обврска и кон вашите предци, но и кон вашите деца. Однесувајте се одговорно барем вие, оставете го господинот Зоран Заев сам на овој случај“, рече Мицковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
