Daily news
Младите ракометари отпатуваа за Алжир, утре играат со Русија

Младата македонска репрезентација отпатува за Алжир каде од вторник до 30 јули ќе учествува на младинскиот Мундијал.
Македонија во Алжир третпат во својата историја ќе биде учесник на младинското Светско првенство, на претходните две учества во 1997 беше освоено 15., а во 2007 година 10. место.
На Мундијалот во Алжир, Македонија партиципира во Ц групата каде уште се и националните тимови на Русија, Шпанија, Тунис, Бразил и Брукина Фасо. Првопласираните четири репрезентации од групата продолжуваат во осминафиналната елиминациска фаза.
Настапите на СП македонските надежи ќе ги отворат утре, во 15 часот, а противник ќе им биде Русија. Потоа за македонските ракометари следуваат дуелите со Буркина Фасо (20 јули, 21 часот), Тунис (21 јули, 19 часот), Шпанија (23 јули, 19 часот) и Бразил (24 јули, 19 часот).
Светско младинско првенство, Алжир (18-30.07.2017):
Група А: Германија, Норвешка, Фарски Острови, Унгарија, Јужна Кореја, Чиле
Група Б: Франција, Данска, Катар, Египет, Словенија, Шведска
Група Ц: Шпанија, Тунис, Македонија, Бразил, Буркина Фасо, Русија
Група Д: Исланд, Хрвтска, Алжир, Саудиска Арабија, Арентина, Мароко
Македонија на СП од клупата ќе ја предводи селекторот Илија Темелковски, кој во Алжир на располагање ќе има 16 играчи:
Голмани: Томовски (Металург), Данаиловски (Пелистер).
Крила: Јагуриновски (Еурофарм), Палевски (Металург), Шилегов (Металург)
Пикери: Лазаревски (Металург), Арсеновски (Металург)
Бекови: Талески (Рајн Некар), Кузмановски (Металург), Нелоски (Металург), Крстевски (Металург), Велковски (Металург), Џонов (Пролет), Петревски (Еурофарм), Танкоски (Металург), Димитриоски (Металург). н.ц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Daily news
Демонстранти во Аргентина бараа да остане во сила законот против абортус

Неколку стотини луѓе протестираа поради нацрт-закон за укинување на забраната за абортус во Аргентина.
На собирот организиран со слоган „За живот“ тие го осудија нацрт-законот што неодамна е поднесен во парламентот на разгледување.
„Оваа расправа не треба да се одржи бидејќи станува збор за избор помеѓу животот и смртта“, рекоа демонстрантите што носеа плакат „Легално или илегално, абортусот убива“.
Абортусот во Аргентина е дозволен само доколку бременоста е последица на силување или го загрозува животот на жената. Годишно во оваа земја умираат 100 жени поради компликации предизвикани од нелегален прекин на бременоста.
Надлежниот одбор на парламентот ќе расправа за предлог-законот на 20 март, а два месеца подоцна и пленумот. Засега не е извесно дали овој предлог-закон ќе биде усвоен.
Daily news
Притворен 23-годишен маж за нападот во Виена

Австриската полиција соопшти дека притворила 23-годишен маж, осомничен за нападот со нож во Виена, при што беа повредени четири лица.
Порпаролот на полицијата, Патрик Мајерхофер, соопшти дека осомничениот бил притворен набргу кога 20-годишен маж прободен со нож бил хоспитализиран со повреди опасни за живот. Полицијата и понатаму истражува дали истото лице го нападнало и тричленото семејство што синоќа беше избодено во центарот на Виена.
Службените лица не објавија детали за идентитетот на осомничениот.
Во полициското соопштение се наведува дека сите членови на семејството, 65-годишен маж, 56-годишна мајка и нивната 17 годишна ќерка, имаат повреди опасни по живот и се одведени во болница. Нивните имиња не се наведени.
Синоќа непознат напаѓач со нож нападна семејство, по што побегна, а за време на бегството повреди уште едно лице.
Daily news
Летовите до Израел ќе поминуваат низ воздушниот простор на Саудиска Арабија

Авион на „Ер Индија“ денеска леташе помеѓу Њу Делхи и Тел Авив во воздушниот простор на Саудиска Арабија, со што се стави крај на 70-годишната политика на Ријад.
Саудиска Арабија, која не го признава Израел, досега не дозволуваше меѓународни летови кон Израел во саудискиот воздушен простор, но промената на оваа политика може да биде знак на одмрзнување на односите меѓу Израел и кралството, со оглед на тоа што и двете земјите ја делат загриженоста за иранското влијание во регионот.
Во понеделникот израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека индиската авиокомпанија добила дозвола да прелета над Саудиска Арабија, но неговите зборови не беа првично потврдени ниту од Ријад ниту од седиштето на „Ер Индија“.
Новата воздушна линија заштедува околу два часа лет помеѓу Њу Делхи и Тел Авив, а авиокомпанијата планира да спроведува по неколку вакви летови неделно. Не е соопштено дали правото го добиле и други авиокомпании или тоа важи само за авиони на „Ер Индија“.
- Македонија2 месеци
(Видео) Фатиме Фетаи направи пародија со коментарите дека излегувала во дискотека
- Daily news2 месеци
(Фото) Селфи со Путин предизвика внимание во јавноста
- Култура2 месеци
Александар ќе го нема ни на филм
- Investigative story2 месеци
(Видео) Патарини: Една пресметка за пратениците, друга за граѓаните
- Daily news2 месеци
(Видео) Последна битка за планинарскиот дом Матка, црквата го презема со извршители, планинарите го бараат на суд
- Daily news2 месеци
Заев: Можеме да им купиме возила и да им обезбедиме станови на пратениците во Скопје
- Македонија2 месеци
Изјавата на Заев за отворање на грчкиот Устав – провокација за грчките медиуми
- Daily news2 месеци
Учениците в година нема да учат по програмата „Кембриџ“