Контакт

Daily news

ММДЧП се сретна со канадскиот амбасадор Пинингтон, побараа поддршка од Канада

Објавено пред

„Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП), Бил Николов, на 18 мај се сретна со канадскиот амбасадор во Македонија, Филип Пинингтон и ги повтори ставовите на ММДЧП дека Западот го поткопува суверенитетот на Македонија со давање поддршка на коалицијата на којашто јавна цел ѝ е да ја денационализира Македонија и којашто го злоупотребува срамното мешање од страна на САД и Албанија“, се вели во соопштението на организацијата.

„Игнорирањето на неуставноста и незаконитоста на овој процес ќе има штетни последици врз кредибилитетот на Канада на меѓународно ниво. Канада отсекогаш била бранител на човековите права и демократијата, и за разлика од САД, избегнувала мешање во внатрешните работи на друга земја. Во обид да се изнајде причината за проблематичниот анти-македонски став на Канада, можни се само две опции – наивност или соучество. ММДЧП го повтори барањето до канадската влада за транспарентно и неодложно да ја објасни својата позиција“, додаваат од ММДЧП.

„Одлуката на Канада да не се спротивстави на мешањето на САД во Македонија и на седумдецениската политика на САД за интервенционизам не е својствена за одговорна влада. Изборот да се брани и да се дава поддршка на ваквата поитика на сметка на опстојувањето на друга независна држава е не само шокантен туку и навреда за бранителите на човекови права во целиот свет, како и за бројната македонско-канадска заедница (голем процент од нив беа прогонети и избегаа во Канада барајќи слобода) чии претставници сега мораат да ја бранат својата етничка припадност и идентитет во државата која ги прифати. Доколку канадската влада, што е несфатливо, не го разбира алармот од Македонците и од многу други, во однос на бесрамниот анти-македонски став кај некои држави од Западот, е всушност причина за Канада веднаш да ги научи работите, пред да почнат тие да станат неразјаснив проблем“, велат од организацијата.

„ММДЧП ја истакна иронијата на албанските барања за Македонија да стане двојазична држава. Дали Западот би поддржал барање на македонското малцинство во Грција за таа да стане двојазична, или Бугарија да стане подеднакво бугарска и турска држава? Класичен пример за двојни стандарди“, потенцираат од ММДЧП.

„ММДЧП го повтори своето барање за Канада да ја поддржи независноста на Македонија (како што јавно ја поддржува Украина) и неодложно да ја смени својата анти-македонска политика. Ова вклучува и неодложна осуда на анти-македонските преговори за името. И да знаеме дека Канада се залага за правда и за човекови права“, заклучуваат од организацијата./крај/мф

Најново

Спорт7 часа

(Видео) Франција за 14 минути ја прегази Белгија, Италија уште еднаш ја совлада Турција

Репрезентацијата на Франција ја победи Белгија во натпреварот од четвртото коло од Групата 1 од елитната А дивизија на Лигата...

Спорт8 часа

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт9 часа

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион9 часа

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт9 часа

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет9 часа

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет9 часа

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава9 часа

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...

Регион10 часа

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“...