Daily news
Москва не гледа демократија во „обоените револуции“
Москва гледа во Србија проверен и доверлив партнер во воената одбрана кој се залага за основните принципи на меѓународната безбедност. Ова е став на рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, кој е во посета на Србија и имаше средба со српскиот министер Зоран Ѓорѓевиќ.
Притоа рускиот министер забележал дека светот не станува помирен и постабилен и дека случувањата врзани со т.н. „обоени револуции“ и бројните инвазии и насилни менувања на раководствата во многу земји не водат кон ништо добро.
Според него прокламираните цели за демократија и просперитет не се остварени ниту во една земја во која имало вакви „обоени револуции“. Крај.мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
