Контакт

Daily news

МТСП: Потпишан меморандум за интеграција на младите луѓе со попреченост на пазарот на труд

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, претставникот на УСАИД Македонија, Едвард Гонзалес, Томислав Зографски од фондацијата iVote и државниот советник во Државниот инспекторат за труд, Беџет Беџети, денеска потпишаа меморандум за соработка за поддршка на практикантската работа на учесниците во проектот за социјална инклузија преку технологија.

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање на овој настан министерката Царовска посочи дека примарна цел на професионалната рехабилитација е да им овозможи на лицата со попреченост да обезбедат и да задржат соодветно вработување. Затоа, МТСП му дава особено значење на процесот на  воведувањето на професионалната рехабилитација како можност лицата со попреченост да се вработат или да напредуваат во соодветното вработување, а со тоа да се поттикнат и интеграцијата и реинтеграцијата на овие лица во општеството. Крајната цел е враќање на лицата со попреченост во профитабилно вработување и вклучување на пазарот на труд имајќи предвид дека ИКТ-технологијата обезбедува сè повеќе работни места и бара унапредување на вештините со кои и ќе се зголеми конкурентноста.

Царовска нагласи дека покрај напорите да се олесни влезот на пазарот на труд на лицата со попреченост, клучно е и да се подигне свеста кај македонските компании за способностите и можностите на овие лица и дека лицата со попреченост не треба да се перципираат само како индивидуи на кои им е потребна помош, туку дека тие се вредни и посветени работници и дека може да бидат ефективни и ефикасни доколку им се даде шанса.

Проектот на УСАИД за социјална инклузија преку технологија е имплементиран од фондацијата iVote“ во соработка со граѓанската организација „Отворете ги прозорците“ и здружението за студенти и младинци со попреченост во Македонија. Главната цел на проектот е да ги зголеми инклузијата и интеграцијата на младите луѓе со попреченост на пазарот на труд во Македонија, особено во брзорастечкиот ИКТ-сектор преку онлајн-курсеви и практично искуство во ИКТ-компаниите во земјата.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Парада на гордоста во Скопје под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“

Под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“ во Скопје се одржува третото издание на „Скопје прајд“. Учесниците на парадата...

Свет6 часа

Норвешкото разузнавање: Пукањето во Осло е терористички акт на радикален исламизам

Норвешките разузнавачки служби задолжени за борба против тероризмот објавија дека го третираат како акт на радикален исламизам пукањето во кое...

Регион9 часа

Радев: Францускиот предлог можеше да биде многу поуспешен

„Таканаречениот ‘француски предлог’ содржи многу основни бугарски барања, но воопшто можеше да биде многу поуспешен, вклучително и бугарско-македонскиот протокол, доколку...

Македонија11 час

Осуда од македонското МНР за написите „Македонија е Бугарија“ во парламентот во Софија

Македонското Министерство за надворешни работи најостро ги осудува вчерашните написи „Македонија е Бугарија“, кои можеа да се видат во рацете...

Македонија11 час

Францускиот предлог е голем напредок во наша корист, смета партијата на Љубчо Георгиевски

ВМРО-Народна партија оценува дека со вчерашната одлука на бугарскиот парламент со кој се поддржа францускиот предлог и даде согласност да...

Свет12 часа

Џонсон: Се плашам дека Украина ќе биде принудена да направи лош мир

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека стравува дека Украина може да се соочи со притисок да преговара за мировен договор...

Македонија12 часа

Преведувач од Македонија: Добив понуда од ЕУ за превод од „северномакедонски“ јазик

Преведувач од Македонија на социјалните мрежи сподели дека добил понуда за превод на материјали од „северномакедонски“ јазик. „Кој е тој...

Свет14 часа

(Видео) Возач удри во демонстрантите за право на абортус во Ајова, едно лице повредено

Во вториот по големина град во американската сојузна држава Ајова, Сидар Рапидс, возач влетал кон мирни демонстранти за правото на...

Македонија14 часа

Пендаровски за „Скопје прајд“: прифаќањето на различностите е показател на зрело, демократско и отворено општество

Претседателот Стево Пендаровски посети волонтери и организатори на парадата на гордоста Скопје прајд 2022, со кои имаше можност директно да...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да каже за каков хибриден напад обвинуваат и зошто не бил спречен

Владата да каже за каков хибриден напад обвинуваат и зошто не бил спречен, дали се прави дефокус од одговорноста за...

Свет1 ден

Путин го нарече Западот циничен: Ако нема леб, јадете колачиња

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека светот нема да има проблем да добие жито од Источна Европа, особено од Русија....

Свет1 ден

Ватикан: Одлуката на американскиот Врховен суд за абортусот е предизвик за светот

Папската академија за живот денеска ја пофали одлуката на Врховниот суд на САД да им дозволи на федералните држави да...

Свет1 ден

(Видео) Бајден за одлуката на Врховниот суд: Ова е тажен ден за нашата земја

Американскиот претседател Џо Бајден се обрати по одлуката на Врховниот суд да дозволи забрана на абортусот. Тој на почетокот рече...

Македонија1 ден

Маричиќ: Достоинствено ќе чекориме на патот кон полноправно членство на ЕУ

Нашата Влада направи сериозни напори и во изминатите години но особено во овој состав во изминатите неколку месеци на повеќе...

Регион1 ден

Петков го повика Ковачевски да се охрабри и да го прифати компромисот

Бугарскиот премиер Кирил Петков го повика својот македонски колега Димитар Ковачевски да биде храбар и да го прифати компромисот предводен...

Свет1 ден

(Видео) Врховниот суд на САД го укина правото на абортус

Милиони жени во САД ќе го изгубат своето законско право да абортираат. Врховниот суд ја укина пресудата со која се...

Македонија1 ден

Бугарскиот парламент го одобри францускиот предлог, дополнет со четири услови

Народното собрание гласаше за нацрт-резолуција за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје. За предлогот на Демократска Бугарија, одобрен од...

Европа1 ден

Рама со одговор до бугарското МНР: Пријатели, смирете се, тргнете го ветото или бидете трпеливи со мене

Албанскиот премиер Еди Рама реагира кога бугарското Министерство за надворешни работи побара од него да зборува на соодветен јазик за...

Европа1 ден

Бугарското МНР за Рама: Слушаме непровоцирани, тешки и навредливи квалификации од шеф на влада

Бугарија отсекогаш била меѓу оние земји членки на Европската Унија што ја поддржуваат европската припадност на албанскиот народ. Ги браневме...

Македонија2 дена

Милошоски до Османи: Нема потреба од два збора, ниту правдање со загради, доволна е оставка!

„Нема потреба ниту од два збора ниту има потреба од правдање со загради. Еден збор е доволен. Оставка“. Ова е...