Контакт

Daily news

Муслиманските организации во Париз ќе ја тужат Марин Ле Пен

Објавено пред

Изјавите на Марин ле Пен во телевизиската дебата на двата претседателски кандидатипредизвика жестока реакција  на муслиманската заедница во Франција. Ле Пен го обвини Емануел Макрон дека го  “толерира муслимански тероризмот” и ужива “поддршка на исламски организации во Франција”.

 

Таа, исто така тврдеше дека ЕУ имаат за цел да ја исламизираат Франција и да ја прошират радикалната идеологија.Наедно таа најави дека ако победи на изборите и стане претседател, ќе го одземе  француско државјанство за сите Муслимани чии ставови не се во согласност со принципите на францускиот секуларизам и ќе го забрани носењето шамии на јавни места.

 

Амар Ласфан, претседателот на Унијата на исламски организации во Франција (UOIF) ја најави можноста за правно дејство против Ле Пен во наредните денови. Адвокатот на оваа организација нагласи дека дебатата ја  “покажала големината на омраза и незадоволство на екстремната десница кон Муслиманите во Франција преку поттикнување на милиони Француси против оваа заедница“, со додавка дека очекува полоши нешта ако Марин Ле Пен дојде на власт.крај/мф

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Црна хроника6 минути

Полицаец барал поткуп за да реши тепачка на „мирен начин“ во Струмица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по брза постапка...

Спорт6 минути

Сезонава Ф1 сепак ќе се вози во Џеда

Поранешниот возач на Формула 1 и амбасадор на трки во Абу Даби, Роберт Дорнбос, наговести дека неодамна откажаната Голема награда...

Свет20 минути

Медиуми: Нема разговори за прием на Украина во ЕУ

Водечките земји на Европската Унија не сакаат да го разгледаат приемот на Украина во ЕУ во блиска иднина, пишуваат медиумите,...

Македонија38 минути

Меџити: Започнува трансформацијата на Старата чаршија, инвестиција од околу 29 милиони денари

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означи почетокот на работите за реконструкција и трансформација на Старата чаршија, една од...

Македонија45 минути

(Видео) Мицкоски нема никакви очекувања за Груевски, но ако се врати веднаш ќе оди во затвор

Веднаш откога ќе се појави во земјава Никола Груевски ќе биде упатен на издржување на затворската казна, рече денес премиерот...

Македонија56 минути

Вежбата „Блесок 26“ ќе се изведува на повеќе локации во државата

По повод отпочнувањето на активностите за вежбата „БЛЕСОК 26“ (Б-26), која ќе се изведува на повеќе локации во државата во...

Црна хроника1 час

Паднало од електричен тротинет: тешко повредено 12-годишно девојче од Богданци

Синоќа во 19:30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Итна медицинска помош Гевгелија за укажување на лекарска...

Црна хроника1 час

19-годишник го претепал внукот од сестра

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Л.(19) од Штип. Тој се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Имено...

Црна хроника1 час

Се заканувал со пиштол: уапсен скопјанец

Вчера во 13:45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода...