Daily news
Нападнатиот француски филозоф Леви: Во Белград бев нападнат од некои фашисти
Францускиот филозоф Бернард-Анри Леви, кој во средата во Белград беше нападнат за време на прикажувањето на неговиот документарен филм, на Твитер напишал дека нападот бил извршен од страна на „некои фашисти и носталгичари по Милошевиќ“, пренесуваат српските медиуми.
„Белград. Некои фашисти. Носталгичари по Милошевиќ во акција. Мојата борба за Сараево и демократска Србија продолжува“, напишал Леви.
Францускиот филозоф беше гостин на овогодишниот фестивал Белдокс презентирајќи го својот документарен филм „Пашмерга“, а на српската јавност ѝ е познат поради поддршката за бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година.
За време на неговиот говор на фестивалот, Леви најпрво беше нападнат од страна на еден напаѓач со торта во лица, а потоа публиката почна да негодува, по што на сцената се појави уште лице со транспарент на кој пишуваше дека Леви го поддржува империјализмот. Од публиката, пак, повеќе лица му довикуваа „Надвор од Белград, ти го поддржуваше бомбардирањето на Србија“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
