Daily news
НАСА откри планета со слични карактеристики на Земјата
Националната управа на САД за аеронаутика и истражување на вселената НАСА открила неодамна непозната ледена планета со слична на земјината маса.Таа е оддалечена од својата ѕвезда на исто растојание како нашата планета од сонцето.
“Оваа ледена планета е најмала од сите откриени со помош на метод кој овозможува да се откријат далечни вселенски објекти, како и да се следи покривањето на светлосните зраци од други вселенски тела” се наведува во соопштението на сајтот на НАСА.
Ова го соопшти претставникот на НАСА Јоси Шварцвалд. Во соопштението се истакнува дека земјата и споменатата планета, која го доби името OGLE-2016-BLG-1195Lb, се еднакво оддалечени од своите ѕвезди, но ѕвездата на новооткриената екстрасоларна планета е премногу слаба, што го прави постоењето на живот на неа малку веројатно. Сепак, откритието ќе помогне при учењето на други планетарни системи во нашата галаксија, се додава во соопштението на НАСА.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
