Контакт

Daily news

„Научна и уметничка визита“ на МАНУ во Kуќата на Уранија во Охрид  

Објавено пред

На програмата на традиционалната манифестација „Научна и уметничка визита“, во организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), која ќе трае до 28 јули, денеска е работилницата: „Културната антропологија и социологија“.

dobivaj vesti na viber

Работилницата ќе се одржи, со почеток во 20 часот, во Куќата на Уранија.

Претходно, во рамките на програмата беше одржана лингвистичка работилница на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика (ИЦАЛ), а во соработка со Филозофското друштво на Македонија.

Следната работилница е на 10 јули и ќе биде насловена: „Балканските и европските дискурси за естетиката и симбологијата“.

На 15 јули ќе се одржи предавање на тема: „Илјада години од живописувањето на Св. Софија“ што ќе го одржи академик Цветан Грозданов.

Визитата продолжува на 20 јули кога ќе биде отворена изложбата: „Акварели од академик Васко Ташковски“ по повод 80 години од неговото раѓање.

Според програмата, академик Иван Катарџиев, на 26 јули, ќе одржи предавање на тема: „71 година од добивање културна автономија на Пиринска Македонија“, а на 28 јули ќе има поетско-ликовна вечер.

Проф. д-р Иван Џепароски ќе ја промовира книгата: „Извештаи на рисот“, која содржи песни од Славе Ѓорго Димовски и цртежи од Сергеј Андреевски.

ВМ



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ18 минути

(Видео) Уапсена 22-годишна скопјанка: при претрес во нејзиниот дом пронајдена марихуана

Вчера во 22.40 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 22-годишната В.К. од...

Европа2 часа

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: „Ова е изневерување и предавство“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, „долгиот и...

Свет3 часа

Аналитичар и уредник во Би-би-си: Путин, на многу начини, веќе го постигна она што го сака

Главниот аналитичар и уредник на Би-би-си за Русија напиша анализа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека разговарал со Владимир...

Европа3 часа

Европски сили: Мора да учествуваме во сите идни преговори за судбината на Украина

Европските сили, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Германија, вчера рекоа дека мора да учествуваат во какви било идни преговори...

Свет3 часа

Жестока закана на Израел: Ако заложниците не бидат ослободени до сабота, портите на пеколот ќе се отворат

Израел се закани дека ќе започне „нова војна“ во Појасот Газа што ќе овозможи спроведување на планот на Доналд Трамп...

Свет3 часа

Трамп најави дека ќе се сретне лично со Путин, објави каде

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин во Саудиска Арабија, откако во...

Свет3 часа

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, „долгиот и...

Македонија13 часа

МНР на Бугарија со длабоко разочарување: Изјавите на Мицкоски ги поткопуваат напорите за градење добрососедски односи и европска интеграција

Министерството за надворешни работи на Бугарија, се огласи по повод изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека „нема потреба...

Македонија19 часа

Мицкоски: Коцевски не ја оправда довербата, доблесно ќе биде да се повлече

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарското прашање за разрешување на Државниот јавен обвинител, истакна дека Љупчо Коцевски, имал доволно можност...

Македонија20 часа

Доживотен затвор за Фадил Зејнелов, убиецот на Емилија Пешева

Доживотен затвор доби Фадил Зејнелов, 33-годишниот убиец на 29-годишната Емилија Пешева од Штип. Пред два дена сега осудениот Зејнелов на...

Македонија21 час

(Видео) Пратениците од власта не се откажаа од енормните суми за патни трошоци, рече Мециновиќ

Пратениците од партиите на власт не го поддржаа законот за ограничување на патните трошоци, што го предложи партијата Левица. Пратеникот...

Македонија22 часа

ЗНАМ тврди дека не наплаќа патни трошоци и не го поддржа предлогот на партијата Левица за нивно намалување

Пратениците од ЗНАМ ниту досега наплаќале, ниту ќе наплаќаат патни трошоци. Само еден колега од пратеничката група за седум месеци...

Македонија22 часа

Тања Чачарова-Илиевска не е спремна да зборува за став за интерпелацијата, но забележала дека се бара колективна одговорност

Тања Чачарова-Илиевска, членка на Судскиот совет, денес не беше спремна да зборува за поднесената интерпелација за петтемина членови на Судскиот...

Македонија22 часа

Јавниот обвинител Коцевски со месеци штити поранешни функционери, изјави Петрушевски

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски со месеци штити поранешни функционери на Социјалдемократскиот сојуз, Обвинителството го претвори во нивна филијала, изјави пратеникот...

Македонија22 часа

Дамева: Оставка се поднесува само ако постојат оправдани причини, ќе ја анализирам содржината на интерпелацијата

Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, вчера ја добила интерпелацијата, но за да изгради став, вели дека треба да...

Топ23 часа

(Видео) Уапсен 24-годишник од Скопје, при претрес пронајдено речиси еден килограм дрога

Денеска во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје, со судска наредба, извршиле претрес...

Македонија1 ден

Македонија и Украина потпишаа спогодба за либерализација на билатералниот транспорт и транзит на стока

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оствари видео конференциска врска со Олекси Кулеба, заменик претседател на Кабинетот на министри...

Европа1 ден

Данското разузнавање: Русија би можела да почне голема војна во Европа во рок од 5 години

Ако Русија процени дека НАТО е слаб, би можела да биде подготвена да води „војна од големи размери“ во Европа...

Свет1 ден

(Видео) Снежна лавина блокира хотели, луѓе евакуирани со хеликоптери: драма кај Фукушима

Четириесет лица, вклучително и гости на хотел, беа евакуирани со хеликоптер за спречување катастрофи кога лавина блокира три хотели во...

Свет1 ден

Данците почнаа петиција за купување на Калифорнија од САД: собраа речиси 200.000 потписи

Како одговор на идејата на американскиот претседател Доналд Трамп да го купи Гренланд, во Данска е поведена петиција оваа европска...