Контакт

Daily news

Најомразениот човек на итнернет кој направи „терор“ на девојка

Објавено пред

На социјалните мрежи почна масовно да се споделува видео, кое го објави „The Scene“ под наслов „Why They Cheated: Two Exes Confront Each Other About Infidelity“.

Тоа што следи може да се нарече седум минути чист емотивен терор, со кој се соочува една девојка за која се верува дека се вика Кортни, а која во видеото се обрати до нејзиното лажливо поранешно момче, за да дознае зошто ја изневерувал.

Кортни во една прилика го затекнала и со друга жена во кревет, по што тој ја замолил да оди во друга соба, а призна и дека не зна е колку пати ја измамил, бидејќи „едноставно не броел“.

И покрај неговиот безкрупулозен настап, а понекогаш дури и украдена насмевка, девојката е многу вознемирена, но тивка, и на крајот дури објасни дека ништо не му забележува, затоа што го смета за најдобар пријател.

На интернет не требаше долго време за да почне да се реагира на емотивното видео и логично, сите застанаа на страната на таинствената убавица, а однесувањето на ваквиот „мажјак“ не наиде на одобрување. Еден од најдобрите коментари на Твитер гласи вака: „Сега тој никогаш нема да најде девојка, затоа што цел свет знае дека е лажливец“.

За тоа време, Кортни се огласи на Твитер за да се заблагодари на поддршката и на сите им образложи дека сега е во искрена врска и среќна како никогаш порано./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Забава6 часа

Најскапата фотографија на денот: „Моќта е во косата“

Една фотографија, двајца фудбалски великани и милиони реакции. Златан Ибрахимовиќ објави фотографија на Инстаграм на која стои лице в лице...

Забава6 часа

Мадона влезе во историјата на Билборд топ листите со новиот албум

Мадона уште еднаш го потврди својот статус на Кралица на попот со освојувањето на првото место на Билборд 200 топ...

Македонија7 часа

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности...

Спорт7 часа

ПСЖ сериозно заинтересирани за голманот на Парма

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Заион Сузуки, објавуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека двократниот последователен шампион...

Македонија7 часа

(Видео) Спасовски: Навреди кон пратениците на СДСМ, бараме извинување од Гаши

Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара...

Спорт7 часа

Родри: не е добра опција да се надигруваме со Франција

Капитенот на европскиот првак Шпанија, пред полуфиналниот натпревар со Франција, на Светското првенство, им порача на соиграчите да бидат претпзливи....

Спорт7 часа

Европскиот првак ќе се засили со Лукас Дињ

Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, ќе стане првото засилување во летниот преоден рок на двократниот европски шампион Пари Сен...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче: Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд...

Спорт7 часа

Манчестер Јунајтед донесе фудбалер на Челзи за 58.000.000 евра

Додека ги финишира преговорите со Јури Тилеманс и Астон Вила, Манчестер Јунајтед го официјализираше своето прво засилување за сезоната 2026/27....