Daily news
Најопасниот пат во Британија кој однел стотици животи
За Брумвеј од викторијанското доба се говореше со предупредувачки тон. Станува збор за 9,7 километри долг пат на брегот на Есекс, кој минува низ мочуришното подрачје Меплин Сендс.
За време на осека, по тој пат може да се дојде до островот Фолнес. До 1922 година тоа беше и единствениот начин да се дојде дотаму, освен со чамец, кога е изграден мостот преку Хевенгор Крик.
За време на плимата наносите на вода се толку силни, што е невозможно да се побегне од нив, поради што во минатото голем број лица ги загубиле животите. Освен моќната смена на плимата и осеката, за опасносноста на ова подрачје придонесуваат и дождот и маглата.
Во отежнати метеоролошки услови, лицата кои заминале во проштека се чувствуваат дезориентирано, така што одат во погрешна насока.
Од друга страна, кога времето е сончево и убаво, опасност речиси и нема, а целиот пат изгледа како пријатна проштека покрај брегот.
Ова место го добило името по метлите (broom), кои некогаш биле поставувани како ориентационо средство на патот кон Фолнес.
Иако островот денеска е во сопственост на британската Влада, која го користи како база за артилериски тестови, урбаните легенди ги инспирираат авантуристите да ја пробаат среќата и да го поминат целото подрачје на Брумвеј./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
