Daily news
На Супер купот дозволени само знамиња на финалистите и на Шпанија и Англија
На Националната арена „Филип Втори“ ќе биде дозволено внесување знамиња само на клубовите учесници на Супер купот, како и националните знамиња на земјите од каде што клубовите доаѓаат (Шпанија и Англија). Знамињата не смеат да бидат поголеми од еден метар и 250 сантиметри во нивниот најширок или најдолг дел. Во спротивно истите ќе бидат одземени, соопштија УЕФА и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), како посетување на сите љубители на фудбалот кои имаат билет и ќе присуствуваат на натпреварот Реал Мадрид – Манчестер Јунајтед.
Исто така, ќе бидат одземени знамиња кои пренесуваат порака со загрозувачка содржина за јавната безбедност, застапуваат нечиј став, или имаат навредливи и дискриминаторски пораки. Ќе бидат одземени знамињата кои го попречуваат видикот на гледачите и прегледот на телевизиските камери. УЕФА и ФФМ На сите гледачи им посакувааат незаборавен Супер Куп / Скопје 2017.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
