Daily news
На Трамп не му се допаѓа Белата куќа, вели дека е“вистинска дупка“
Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на членовите од неговиот голф клуб во Њу Џерси, дека многу време поминувал далеку од Вашингтон, бидејќи Белата куќа била “вистинска дупка“.
Нема одговор од Белата куќа на барањето за коментар за наводната изјава на Трамп објавена на сајтот golf.com. Трамп им рекол на членовите на голф клубот, дека го посетува имотот во Бедминстер во Њу Џерси, зашто “Белата куќа е вистинска дупка“.
Откако е претседател на САД, Трамп секој викенд го поминува во обиколка на имотот што го поседува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
