Daily news
Неколку жртви во вооружен инцидент во Ерусалим
Тројца напаѓачи пукале од огнено оружје во Ерусалим, недалеку од светите места во Стариот град. Во инцидентот биле ранети тројца Израелци, а двајца од нив се наоѓаат во критична состојба. Израелската полиција соопшти дека напаѓачите се убиени.
Военото радио објави дека вооружениот инцидент се случил крај местото кое Евреите го нарекуваат Брег на храмот, додека муслиманите го нарекуваат Плато на џамиите. Таму се наоѓа џамијата Ал-Акса, третото најсвето место на Исламот и Куполата во карпа од 7 век.
Полицијата објави дека безбедносните сили ги убиле тројцата напаѓачи. н.ц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
