Контакт

Daily news

Нешта кои предизвикуваат конфузија во мозокот

Објавено пред

Мозокот се буни при помислата на четиридимензионални објекти, бескрајноста на вселената и квантната механика. Веројатно тоа е и нормално.

Но, сивата супстанција генерално нема проблеми со обработката на сетилата за информации од секојдневните објекти и искуства, со некои исклучоци. „Live Science“ наведува пет нешта кои го збунуваат мозокот.

1. ВРАТИТЕ
Дали некогаш ви се случило да влезете во собата со одредена цел (на пример за да земете нешто) и одеднаш да заборавите зошто сте таму? Обвинението паѓа на вратите.
Психолозите откриваат дека преминот низ врати предизвикува своевидна „граница“ во умот, двои еден ред на мисли од следните, со тоа што излегувањето од собата го сигнализира крајот на филмската сцена. Мозокот ги собира мислите од првата соба и отвора нова страница за информациите од следната локација. Таквите своевидни граници обично помагаат да ги организираме мислите и спомените, но кога ќе влеземе во собата и се чудиме зошто сме тргнале, ефектот е сосема спротивен.

2. ЗВУЦИТЕ
Што ве иритира најмногу? Утринскиот аларм, свирките во уличниот метеж или било кој од многуте уреди што сигнализираат дека им завршува батеријата? Сите се подеднакво ужасни. Овие „бип“ звуци се всушност саундтракот на модерниот свет, но мозокот тешко ги обработува.
Нашиот развој е придружен со слични звуци и ние се трудиме да ги разбереме. Сигналите се како автомобил кој вози со 100 км/ч кој одеднаш се удира во ѕид, наместо полека да ја намали брзината. Овој звук не се менува со времето, не се повлекува, а нашиот мозок се труди да погоди што е и од каде доаѓа.

3. ФОТОГРАФИИТЕ
За време на еволуцијата не само што не сме слушале аларми, туку не сме гледале ни фотографии. Како што бабите можат да се навикнат на современите технолошки достигнувања, но не можат да развијат интуција кон нив, така ние свесно ги разбираме фотографиите, но потсвеста не може целосно да ги оддели луѓето и предметите кои се на нив.
Бројни истражувања покажуваат дека луѓето се многу попрецизни кога играат пикадо врз сликата на Хитлер, отколку по слики на Кенеди. Друго истражување покажува дека многу луѓе почнуваат да се потат кога ќе побараат од нив да ги уништат нивните омилени фотографии од детството. Без милионите години пракса, тешко е да ја одвоиме сликата од реалноста.

4. ТЕЛЕФОНИТЕ
Дали некогаш ви се случило да почувствувате како телефонот вибрира во џебот или чантата, само за да го погледнете и да видите празен екран. Ако чувствуваме често такви лажни вибрации, причината е тоа што мозокот доаѓа до погрешни заклучоци во обид да го систематизира хаосот од детали кои го опкружуваат.
Бомбардирани сме од сетилни податоци, а мозокот треба да филтрира бескорисна бучава и да ги регистрира само најважните сигнали. Со денешниот техноцентричен став нашиот мозок може да интерпретира сè, од шушкање на облеката до кркорење на желудникот, како сигнал дека добиваме повик или порака.

5. ТРКАЛА
Дали сте забележале како тркалата се движат наопаку во филмовите? Тоа е затоа што камерите снимаат ограничен број кадри во една сцена, а мозокот ги исполнува празнините помеѓу нив, создавајќи илузија за продолжено движење. Помеѓу една и следната рамка тркалото направило повеќе од еден круг, па затоа изгледа дека тоа се врти наназад.
Слична илузија се случува и во реалноста. Една од теориите ја објаснува со тоа дека мозокот го гледа движењето како серија од снимки, како кај камерите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 минута

Една од најпознатите плажи во Грција останува затворена и ова лето

Легендарната плажа Навагио на грчкиот остров Закинтос ќе остане затворена за посетители најмалку до 31 октомври 2026 година. Грчките власти...

Македонија8 минути

Цаневска – Арсовска: Орце не одговори од каде го најде Марјан Цветковски за директор на Фондацијата „Скопје – Град на културата“

Орце Георгиевски го гази деловникот и ја замолкнува опозицијата, наместо дебата – монолог во Советот, обвини координаторката на советничката група...

Економија11 минути

Беким Сали: Бизнисот останува главен двигател на економскиот развој на државата

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Стопанската...

Македонија14 минути

Сериозни пропусти во финансиското работење на Албанскиот театар утврдија ревизорите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Националната установа Албански театар – Скопје...

Спорт14 минути

Платини поднесе кривична пријава против првиот човек на ФИФА

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, покрена кривична и граѓанска постапка во француските судови против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино....

Свет17 минути

Потврдена казната од 8,5 години затвор за сатиричар за исмејување на Путин во Германија

Апелациониот суд во Москва денеска ја потврди казната затвор од осум и пол години што му беше изречена на германскиот...

Забава43 минути

Новиот роман за Гоце Делчев ги подели Македонците

Едни го нарекуваат најважното книжевно дело во последната деценија. Други велат дека отвора болни прашања за кои општеството не е...

Македонија45 минути

Мицкоски: Треба да стиснеме заби и сами да го изградиме проектот Чебрен и Галиште

Државата е блиску до одлука самостојно да го гради проектот Чебрен и Галиште како државен, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи...

Забава54 минути

Една од најголемите и најскапите приватни јахти во светот се закотви во Дубровник

Импресивната суперјахта „Дип блу“ се закотви пред Дубровник, откако претходно беше видена во водите на Мљет, пишува „Дубровачки дневник“. Станува...