Контакт

Daily news

Нејмар играч од 222 милиона евра: Моето срце го избра ПСЖ

Објавено пред

Трансфер-сагата, чиј епилог е најголемиот договор во историјата на фудбалот, официјално заврши во петокот кога ПСЖ како ново засилување го претстави Бразилецот Нејмар. Клубот од Париз за услугите на Нејмар на Барселона ѝ плати 222 милиона евра.

„Среќен сум. Благодарен сум што имам нов предизвик, среќен сум што дојдов во Париз, во ПСЖ, голем клуб и одличен град. Овде дојдов бидејќи имаме слични амбиции. Сакам голем предизвик. Моето срце избра, јас само го следев. Поради тоа сум тука. Сакам да му помогнам на клубот да освојува трофеи“, рече Бразилецот.

„Во Париз дојдов поради предизвикот, не поради парите. Не избегав од Барселона, таму добро се вклопив. Не барам да добијам статус на ѕвезда. ПСЖ заслужува да освојува трофеи, а јас со овој клуб ќе освојам нови титули, во Барселона освоив сè што можеше да се освои“, дополнил Нејмар.

Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, на прес-конференцијата не го криеше задоволството што клубот успеа да го ангажира Бразилецот.

„Нејмар е идол на фудбалските фанови ширум светот. За мене тој е најдобриот во светот. Веќе ни донесе многу позитивни работи. Нашите навивачи сонуваа дека тој ќе дојде овде, сега сонот стана стварност. Нејмар потпиша за нас за да освојуваме трофеи и да испишуваме нови страници во историјата. Ти благодарам Нејмар. Добредојде во својот нов дом“, рекол Ал-Келаифи.

Нејмар  потпиша петгодишен договор со ПСЖ, до јуни 2022 година, а годишно ќе заработува 45 милиони евра.

Во новиот клуб ќе го носи дресот со бројот 10. н.ц

Најново

Македонија7 минути

Утре, сончево и топло, попладне со изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи

Утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне...

Македонија25 минути

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти, новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²

Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови...

Црна хроника34 минути

Татко физички и психички ги малтретирал малолетните деца во Кисела Вода

Синоќа во 21:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.И.(42) од...

Свет52 минути

Трамп верува дека Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за договор...

Црна хроника1 час

Внукот го претепал и му се заканувал на 74-годишниот дедо: му барал пари а не ги добил

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ш.А. (20) од Кочани. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“....

Македонија1 час

Општина Чаир: Фестивалот „Фолклорните вечери на Чаршијата“ ги обедини културите во срцето на Скопје

Во Старата чаршија се одржа 21. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“, манифестација која собра фолклорни ансамбли...

Македонија2 часа

(Видео) СДСМ и ДПМНЕ го отворија патот за нова бетонизација на Водно, велат од Левица

Седницата на Советот на Општина Центар уште еднаш покажа дека кога се во прашање интересите на градежните лобија и урбаната...

Економија2 часа

Божиновска: Со приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор, земјата станува и важна транзитна точка во регионот и Европа

Македонија влегува во Вертикалниот гасен коридор – по интезивна активност на Божиновска и МЕРМС, стануваме дел од клучната европска гасна...

Македонија2 часа

ВМРО-ОКГ намерно го кочи Изборниот законик за да го одбегне она што следува после, велат од СДСМ

Според опозициската СДСМ; ВМРО-ОКГ, како што велат, намерно го турка Изборниот законик со спорни одредби за изборна гражба, за да...