Daily news
Низа свечености во Македонија во чест на 9 Мај
Денот на победата над фашизмот е ден на сеќавање на претците, кои по цена на својот живот ја одбраниле татковината за следните генерации да не ги преживуваат ужасите од војната. За тоа сеќавање да не се изгуби, Русија посветува огромно внимание на прославувањето на 9 Мај – Денот на победата.
Секоја година се организира воена парада во Москва и во другите градови во Русија, но најграндиозна е онаа на Црвениот Плоштад во главниот град на Руската Федерација. Најголемата парада до сега беше организирана во 2015 година, на 70-годишнината од победата на сојузниците над фашистите. Во неа учествуваа повеќе од 15 илјади луѓе и околу 200 делови воена опрема.
Како дел од прославувањето на 9 Мај, секоја година се организира „Бесмртен полк“ – церемонија во која учесниците носат фотографии од членовите на семејството кои учествувале во Големата Татковинска Војна. Оваа година „Бесмртен полк“ ќе се одржи и во Скопје на плоштад Македонија во 18 часот.
Во одбележувањето на овој празник заедно со Амбасадата на Руската Федерација се вклучува и Почесниот руски конзулат, организирајќи го концертот „Еден ден на војната“. Концертот ќе се одржи во недела на Широк Сокак во Битола, со почеток во 19:30 часот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
