Daily news
Николиќ: Се надевам дека еден ден Република Српска и Србија „ќе бидат едно“
Српскиот претседател Томислив Николиќ изјавил дека „искрено се надева оти Република Српска и Србија еден ден ќе бидат едно“, пренесуваат српските медиуми.
Николиќ нагласил дека што се однесува до Србија, за неa ентитетот што се наоѓа во Босна и Херцеговина (БиХ), односно Република Српска, е еден дел кој сака да го развива заедно со своите други делови, но дека се надева оти ќе се оствари и желбата на сите граѓани на Србија и Република Српска, која е „позната и јавно искажана во повеќе наврати“.
Тој констатирал дека Република Српска се наоѓа во БиХ и дека Србија тоа го почитува, „но дека Србија има обврска, а не право да соработува со Српска и дека со неа и понатаму ќе се поврзува“.
Србија и Република Српска со тешка мака и многу напори, отпори и спротивставувања, градат своја заедничка иднина, укажал Николиќ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
