Daily news
Ново крвопролевање во Сомалија: Судир меѓу војската и терористите од Аш Шабаб
Ново крвопролевање се случи во Сомалија, по нападот на припадниците на терористичката организација “Аш Шабаб” врз воената база лоцирана во градот Аф Урур во автономниот регион Пунтланд, пренесе Ројтерс.
“Беше жестока борба. Загубивме 20 војници, а 14 воени автомобили се запалени. Го вративме својот град”, рече офицерот Мохамед Абди.
Бројот на загинатите во нападот достигна до 38 лица, а уште 18 се повредени. Претходно се јавуваше за 20 загинати.
“Сега можеме да потврдиме за загинување на 38 лица. Уште 18 се повредени. Претпоставувам дека некои се фатени живи и однесени “, изјави офицерот на сомалиските сили Мохамед Абди.
Терористите од “Аш Шабаб” го зазедоа градот Аф Урур во северозападниот дел на Сомалија. Подоцна вооружените сили на земјата го ослободија градот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
