Контакт

Daily news

НСДП: Да се покрене постапка за кривична одговорност за сите учесници во крвавите настани

Објавено пред

 

„По убиството на демократијата  извршено од страна на криминалната банда на ВМРО-ДПМНЕ, процесот на трансфер на власта треба да продолжи“, велат од НСДП.

„Бидејќи еден од нарачателите на кривичното дело неколкупати стави до знаење дека нема намера да го додели мандатот на партиите кои имаат мнозинство, парламентарното мнозинство треба веднаш да пристапи кон избор на нова Влада на Република Македонија и извршната власт да профункционира со полн капацитет.

 

НСДП смета дека приоритетна задача на новата Влада треба да биде избор на нов јавен обвинител на Република Македонија и целосна промена на партиската со професионална полиција.

 

Сметаме дека веднаш потоа надлежните органи треба да покренат постапка за кривична одговорност за сите учесници во крвавите настани во законодавниот дом, и тоа започнувајќи со Груевски и Иванов, како нарачатели, па преку оние кои повикуваа на линч ( Антонио Милошоски, Илија Димовски…), завршувајќи со разулавените криминалци кои посегнаа по животот на пратениците од парламентарното мнозинство и кои безмислосно го уништуваа имотот на граѓаните.

 

НСДП предлага по конституирањето на извршната власт парламентарното мнозинство да достави барање и за исклучување на ВМРО-ДПМНЕ од групата на Европската народна партија.

 

Покрај кривичната одговорност на ВМРО-ДПМНЕ како злосторничко здружение, Собранието на Република Македонија треба што побрзо да создаде законски претпоставки и за нејзино исклучување од наредните циклуси на локални, парламентарни и претседателстки избори.

По црниот понеделник од 2012 година и овој крвав пир во македонскиот парламент, организирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, стана јасно дека не станува збор за политичка партија, туку за терористичка организација. За терористи нема место во парламентарниот живот на ниту една земја, па ниту во Македонија“, се посочува во соопштението НСДП. крај/мф/кс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија24 минути

Утре, сончево и топло, попладне со изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи

Утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне...

Македонија42 минути

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти, новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²

Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови...

Црна хроника51 минута

Татко физички и психички ги малтретирал малолетните деца во Кисела Вода

Синоќа во 21:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.И.(42) од...

Свет1 час

Трамп верува дека Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за договор...

Црна хроника1 час

Внукот го претепал и му се заканувал на 74-годишниот дедо: му барал пари а не ги добил

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ш.А. (20) од Кочани. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“....

Македонија2 часа

Општина Чаир: Фестивалот „Фолклорните вечери на Чаршијата“ ги обедини културите во срцето на Скопје

Во Старата чаршија се одржа 21. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“, манифестација која собра фолклорни ансамбли...

Македонија2 часа

(Видео) СДСМ и ДПМНЕ го отворија патот за нова бетонизација на Водно, велат од Левица

Седницата на Советот на Општина Центар уште еднаш покажа дека кога се во прашање интересите на градежните лобија и урбаната...

Економија2 часа

Божиновска: Со приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор, земјата станува и важна транзитна точка во регионот и Европа

Македонија влегува во Вертикалниот гасен коридор – по интезивна активност на Божиновска и МЕРМС, стануваме дел од клучната европска гасна...

Македонија2 часа

ВМРО-ОКГ намерно го кочи Изборниот законик за да го одбегне она што следува после, велат од СДСМ

Според опозициската СДСМ; ВМРО-ОКГ, како што велат, намерно го турка Изборниот законик со спорни одредби за изборна гражба, за да...