Daily news
Нухиу оставка ќе му понудел на својот лидер
Министерот за внатрешни работи побарал одговорност но и разрешување од функцијата на Директорот на бирото за јавна безбедност Митко Чавков. Тој одговорност, како што најави, ќе бара и од полицајците кои биле на должност во собраниската зграда, за време на крвавите настани.
На новинарско прашање, на кого ќе му ја понуди својата оставка од функцијата, министерот Нухиу, изјави дека ќе ја понудел на својот лидер.
Инаку во моментов, сите влезови и излези на Собранието се под силно полициско обезбедување. Од МВР соопштија дека по инцидентите во собранието, уапсени осум лица, а повредени се вкупно 83 лица, од кои тројца пратеници, еден новинар, 54 цивили и 25 полицајци.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
