Daily news
Објавено видео од егзекуција на членови на Исламската држава
На социјалните мрежи неодамна се појави вознемирувачко видео на кое се прикажани мажи во портокалови конбинезони, со превез преку главата, кои клечат на земјата и убиваат маскирани мажи во црни костуми пукајќи им во тилот. Како што пренесува „Дејли мејл“, нејасно е кој ја издал наредбата за нивната егзекуција, но се претпоставува дека убиените се борци од Исламската држава.
На снимката се гледа дека убиените се распределени во неколку редови додека околу нив шетаат нивните егзекутори, кои, според претпоставките, испалуваат дожд од крушуми од полуавтоматско оружје. Откако егзекуторите им пукаат во тилот на убиените мажи, продолжуваат да пукаат во нивните тела. Се претпоставува дека егзекуцијата се случила во Либија со оглед дека и порано стигнувале вознемирувачки снимки и вести од таа земја, во кои масовно им се одмаздуваат на терористите од ИД.
Видето се појави во моменти на тензии меѓу џихадистите и либиските сили во Бенгази. Снимката е со дата од 17 јули, што значи дека се случила неколку дена откако портпаролката на ОН, Лиз Тросел, ја повика Либиската национална армија (ЛНА), која го контролира истоток на земјата, да ја испита егзекуцијата на затворениците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
