Контакт

Daily news

Објавен авантуристичкиот роман за деца „Двете принцези“ од Натали Спасова

Објавено пред

Во издание на „Македоника литера“ неодамна излезе од печат, романот за деца „Двете принцези“ од Натали Спасова. Станува збор за авантуристички роман наменет за деца, раскажан динамично со што се задржува нивното внимание.

 

Низ една забавна и возбудлива приказна, овој роман ги поттикнува децата да ги прифаќаат разликите, да одбиваат дискриминација и да бидат поотворени кон другите култури и начини на живот. Ги промовира концептите на толеранцијата и мирот, но и хуманоста и споделувањето.

Во дијалозите на две девојчиња е прикажано колку е бескрајна детската фантазија, а во нивните дела, детската храброст. Во свет каде што технологијата веќе го окупира и детството, тие две ја откриваат природата – со сите нејзини убавини, но и опасности.

Дејството се одвива во мал град, каде што главните хероини, Маја и Неза, кои случајно се здружуваат, наоѓаат мапа и одлучуваат да тргнат во потрага по царството во кое би можеле да го остварат сонот кој го сонуваат сите девојчиња на таа возраст – да станат принцези.

Нивната потрага ги води во нови возбудливи и непредвидливи авантури и настани. Дел од случувањата ќе ги доведат во опасност двете девојчиња кои сепак реалниот свет го гледаат низ една поинаква детска фантастична призма. Тоа што го наоѓаат на крајот, како што и најчесто се случува, не е тоа што го очекуваат, но сепак ги променува на одреден начин и ги учи на нешто ново.

Низ нивните авантури се отсликуваат животите на двете девојчиња во дваесет и првиот век, неразбрани најчесто од нецелосна фамилија, осамени заради преголемата зафатеност на нивниот родител и желно за авантури и откривање на нови светови. Двете девојчиња доаѓаат од различни светови, различни етнички заедници, со различни религии и од различни социјални слоеви, и прикажуваат слога, толеранција и разбирање кои се одлики на сите деца кои сѐ уште не го гледаат светот со предрасуди и безрезервно и се препуштаат само на детската игра.

Во „Две принцези“ младата авторка Натали Спасова го потврдува својот раскажувачки талент и сензибилитет кој изненадувачки рано го покажа и го потврди пред младите македонски читатели уште со својот прв роман за тинејџери „Прва љубов во Розевата улица“, рано напишан, а објавен уште на неполнолетна возраст.

И овој нејзин втор роман за деца, доаѓа како вистинско освежување во празнината од нови дела на млади и нови автори во литературата за деца. Романот може да се карактеризира како авантуристички роман, но тој пред сè е роман што соодветствува на детската психологија и на возраста за која е наменет. Динамичното и концизно раскажување само се надоврзува на вкусот на младиот читател, зашто децата сакаат директна и течна приказна, без многу опширна дескрипција. Книгата е илустрирана со цртежи на Тања Вукобрат.крај/мф

 

 

Најново

Спорт35 минути

ФИФА покрена постапка против Паредес, можна суспензија од неколку месеци

Леандро Паредес би можел скапо да плати за своето однесување по финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија. ФИФА...

Спорт38 минути

Меси: Болката е огромна.. Ви благодарам… Честитки до Шпанија

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, се огласи по поразот во финалето на Светското првенство. Фудбалерите на Аргентина не успеаја да...

Спорт42 минути

(Видео) Два милиони луѓе ги пречекаа светските шампиони

Два милиони луѓе ја пречекаа шпанската фудбалска репрезентација вечерва на улиците на Мадрид, откако ја освоија титулата на Светското првенство...

Македонија3 часа

Објавено со што е загадена водата во Гостивар, жителите ја пиеле од 25 јуни кога биле поставени пумпи од канал

Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина...

Забава3 часа

(Видео) Читач на усни: Трамп ја повторуваше истата реченица на секој шпански играч

Доналд Трамп вчера им го додели трофејот и медалите на победниците на Светското првенство, шпанската репрезентација. Американскиот претседател, исто така,...

Забава4 часа

Зошто утринската прошетка е една од најдобрите навики за здравјето?

Не секоја форма на чување на здравјето мора да биде поврзана со големи промени и напорни тренинзи. Понекогаш една од...

Свет4 часа

Мамдани проверува дали може да го уапси Нетанјаху; Трамп: Нема да биде уапсен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен за време на неговата посета...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации

Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации, со цел постапката да се компромитира. Или, пак, нивните интереси...

Спорт5 часа

(Видео) Јамал откри што му рекол Меси по финалето: „Неговите зборови вредат колку медал“

Шпанија вчера ја освои својата втора светска титула победувајќи ја Аргентина во финалето на Светското првенство. Фуријата славеше во големото...