Daily news
Ограбена аптека на „Зегин“ во Скопје
Аптеката на „Зегин” на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов” во Скопје вчера беше ограбена, соопшти МВР.
Непознато маскирано лице влегло внатре и со закана со тврд предмет од вработената одзело засега неутврдена сума на пари и избегало.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето како и целосно расчистување на случајот.крај/мф/гд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
