Контакт

Daily news

Опасната полова болест станува неизлечива

Објавено пред

Заразата со гонореја е во пораст, но на лекарите им недостасуваат лекови кои би биле ефикасни во борбата со отпорната бактерија која предизвикува полова болест, предупреди Светската здравствена организација(СЗО).

dobivaj vesti na viber

Две третини од земјите кои поднесуваат извештаи до СЗО пријавиле случаи во кои антибиотиците повеќе не делуваат против оваа опасна бактерија.

„Тие случаи би можеле да бидат само врв на сантата мраз, бидејќи сиромашните земји во кои инфекцијата е раширена немаат систем на дијагноза и следење“, рече Теодора Ви, експерт на СЗО.

Оваа агенција на ОН проценува дека секоја година со гонореја се заразуваат 78 милиони луѓе.

Велика Британија и САД пријавија во 2015 година пораст за повеќе од 10 отсто, а бројот на случаи меѓу геј популацијата во Франција се удвои меѓу 2013 и 2015 година.

Стапката на зараза е највисока во Африка, каде што секоја година се заразува еден од 10 мажи.

Главна причина е некористењето на презервативи, зголемената мобилност на луѓето, како и лошиот надзор и несоодветното лечење, велат од СЗО.

Гонорејата ги напаѓа гениталиите, ректумот и грлото и може да предизвика неплодност.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 часа

Петков го призна поразот, нема да коалицира со ГЕРБ на Борисов

Коалицијата ГЕРБ-СДС преводена од Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија. Излезните анкети на бугарските агенции предвидуваат освојување на...

Топ7 часа

Девет земји меѓу кои и Македонија го поддржаа членството на Украина во НАТО, Зеленски им се заблагодари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека девет земји од Централна и Источна Европа го поддржуваат членството на...

Свет11 час

НАТО: Украинците го ослободија Лиман благодарение на храброста, но и на американското оружје

Украинското ослободување на градот Лиман докажува дека украинската армија напредува и може да ги потисне руските сили, изјави денеска за...

Македонија13 часа

ЛДП го предлага Пенов за нов министер за локална самоуправа

Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница ја разгледа оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, и го прифати...

Македонија16 часа

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Северна Македонија

Бугарија е главен извозник на струја во регионот и подготвени сме да го зголемиме извозот во Северна Македонија, изјави бугарскиот...

Македонија17 часа

Лефков: Аферата „Броило“ покажува како Ковачевски и неговиот кум свртеле 26 милиони евра

Фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис, и тоа додека Македонија е...

Македонија18 часа

Пендаровски и уште осум претседатели на членки на НАТО: „Русија веднаш да се повлече од окупираните територии“

Претседатели на дел од земјите-членки на НАТО од централна и источна Европа, меѓу кои и Стево Пендаровски, во заедничка изјава...

Регион20 часа

Бугарите гласаат на четвртите избори за помалку од две години

Бугарите денес гласаат на четвртите национални избори за помалку од две години, со мала надеж дека ќе се појави стабилна...

Свет20 часа

САД за украинското заземање на Лиман: Сега ќе им биде потешко на Русите

Американскиот секретар за одбрана го поздрави украинското заземање на Лиман, клучното руско упориште во источна Украина. „Многу сме охрабрени од...

Македонија1 ден

Фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија, по денешните состаноци...

Свет1 ден

Русија објави дека ја повлекла војската од Лиман

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ги повлекла руските војници од стратешкиот град Лиман во источна Украина. Како што...

Регион2 дена

Интерконекторот со Грција е во функција, Бугарија сега добива гас од Азербејџан

Проектот за интерконектор е на агендата на ЕУ веќе 10 години. Започна во 2009 година, кога Бугарија беше многу силно...

Економија2 дена

Мелничарите најавуваат поскапување на лебот и брашното за 10 отсто

Поради скапата струја и растот на берзанските цени на пченицата, меничарите најавуваат дека до крајот на ноември цената на лебот,...

Економија2 дена

Мицкоски го покани Битиќи во „Белата палата“ за да му го објасни планот за закрепнување на економијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го покани вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи утре да дојде на состанок во...

Македонија2 дена

(Видео) Петровска: Поддршка од 78 милиони долари од САД за развој на Армијата

Ја добивме веста за сојузничка поддршка од вкупно 78 милиони долари кои ќе се насочат во проектите потребни да ги...

Регион2 дена

Бугарите стравуваат од политички хаос по изборите в недела

Бугарите кои утре ќе одат на четвртите избори за помалку од две години, претпоставуваат дека зимава ги чека неизвесност поради...

Европа2 дена

„Гаспром“: Од гасоводот истече гас колку што и’ треба на Данска за три месеци

Портпаролот на гасниот гигант „Гаспром“, кој е под контрола на Кремљ, во петокот изјави дека истекле 800 милиони кубни метри...

Македонија2 дена

Аферата „Броило“ ќе открие фирми блиски до власта кои правеле милиони во време на кризи, најави опозицијата

Додека стандардот на граѓаните пропаѓа со секој нов ден од кризите, некој дебело профитира и се богати.Тоа ќе го открие...

Економија2 дена

СДСМ: Во март пензиите ќе се зголемат за нови шест проценти

Се очекува наредното зголемување на пензиите во март идната година да изнесува околу 6 проценти, со што пензиите во период...

Македонија2 дена

Пендаровски во Бугарија ќе се сретне со Радев и Урсула фон дер Лаен

Претседателот Стево Пендаровски, по покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, денес во Софија ќе присуствува на церемонијата по...