Контакт

Daily news

Османи: Посетата на Бугарија е историска

Објавено пред

Посетата на Бугарија е историска, а целта ни е да постигнеме напредок во процесот на евроатлантска интеграција, изјави вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи во интервју за бугарската новинска агенција БТА.

– Првата билатерална посета на делегација на новата македонска Влада е во Бугарија. Веќе имавме посета и на Брисел, но ова е првата билатерална и целта ни беше да ги затвориме отворените прашања со соседите и да побараме поддршка од Бугарија со оглед на нејзиното претстојно претседавање со ЕУ, за да го вклучи прашањето за членство на Македонија на дневниот ред на Унијата, вели Османи.

Според Османи, резултатите од посетата се одлични, а најважно е што делегациите на двете влади го договориле текстот на договорот за добрососедство. Остануваат само некои технички детали кои се надева дека ќе бидат усогласени до посетата на бугарскиот премиер Бојко Борисов на Скопје на 2 август.

– Нашата цел е да ги затвориме сите отворени прашања – прашањето за Рамковниот договор во Македонија, прашањето на договорот за добрососедство со Бугарија, за на крај да остане само прашањето за името со Грција. Тоа е тешко и емоционално прашање за чие решавање напори треба да вложат сите партии и страни, изјави Османи.

Посочува дека од договорот за добрососедство со Бугарија останале да се прецизираат некои прашања од заедничката историја. И двете влади, вели Османи, сметаат дека историјата на Балканот е испреплетена меѓу сите народи и оти таа не треба да разделува туку да зближува.

– Ние ја почитуваме заедничката историја, но сметаме дека треба да гледаме напред кон иднината и да се стремиме да напредуваме како европски држави, вели Османи.

Прашан за улогата на економијата и инфраструктурните проекти во односите меѓу двете земји, вицепремиерот Османи наведува дека економската соработка меѓу Македонија и Бугарија не е на потребно ниво и оти има многу можности за нејзино унапредување. Дел од причините за тоа, според него, се политички, но дел и поради тоа што недостигаат конкретни проекти за соработка. Посочува дека има одлична соработка во однос на проектите финансирани од ЕУ за прекугранична соработка и оти се реализирани повеќе од 100, значителен број се подготвени, а повеќе од 45 се во фаза на реализација.

– Секако дека можеме повеќе. Затоа прво треба да се уредат политичките односи за да може потоа компаниите и бизнисмените да ја развиваат соработката, а нашата посета на Софија дава таков стимул, додава Османи.

Тој ја нагласува и улогата на Берлинскиот процес за поврзувањето на земјите од регионот со транспортни коридори и енергетски системи што, како што вели, ќе го подготви подобро Западен Балкан за членство во ЕУ.

Осврнувајќи се на спорот со Грција за името, Османи истакнува дека тоа е емоционално прашање, а таму каде што има емоции нема рационалност.

– За жал, во изминатиот период наместо да се остават емоциите и да се гледа рационално, на прашањето се долеваше бензин. Затоа почна процес на создавање мерки за доверба меѓу двете страни. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ја посети Грција веднаш по формирањето на новата Влада за да испрати порака дека ние сме подготвени на компромис за спорот за името. Јас исто така како вицепремиер за евроинтеграции испратив порака до моите грчки партнери дека треба да почнеме комуникација со цел да ја зајакнеме довербата меѓу граѓаните имајќи го предвид заедничкиот интерес од соработката и перспективата на регионот, рече Османи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Левица: Зошто државниот обвинител Савески не ги користи своите овластувања за случајот „Мазут”

„Додека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го повика државниот јавен обвинител да постапи по скандалозното затворање на случајот „Мазут”, иако претходно Мицкоски...

Забава6 минути

(Фото) Тамара Калиниќ носеше чанта вредна повеќе од 100.000 евра во Кан

Српската инфлуенсерка Тамара Калиниќ избра внимателно стилизирани парчиња за својот престој во Кан, а едно особено ѝ го привлече вниманието....

Македонија15 минути

„Уште 10 дена до рокот за реформите кои Мицкоски нема да ги исполни“, велат од СДСМ

„Владата се фали со пари кои ги добиваат сите кандидати на Балканот освен Србија, но не кажува колку пари загубивме....

Спорт21 минута

Компани ќе ја засили одбраната со поранешниот соиграч

Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, има голема желба да го донесе во својот тим, поранешниот соиграч, Џон Стоунс. Англискиот...

Македонија29 минути

„Филипче и СДС со политиките на понижување и сервилност го отвораат патот за нови уцени кон Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Во СДС ништо не се менува, Филипче е продолжение на Заев и на истата капитулантската матрица во СДС која со...

Спорт36 минути

Емери во елитно друштво… со Трапатони, Мурињо и Анчелоти

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, стана четвртиот менаџер во историјата на УЕФА кој освоил пет европски трофеи. Емери со...

Забава40 минути

Дина Јашари ја слави годишнината на „Растенија без корен“ со регионална турнеја

Македонската кантавторка Дина Јашари тргнува на турнеја низ постјугословенскиот простор со деби-албумот „Растенија без корен” — точно на неговата прва...

Македонија41 минута

Герасимовски: Од Ристиќева палата до ретро игранка, Центар вечерва го оживува старото скопското корзо

Општина Центар во соработка со Здружението на пензионери на општина Центар вечерва, со почеток од 19:00 часот, го организира настанот...

Забава47 минути

(Фото/Видео) Хајди Клум шокираше со изданието: Сите мислат дека е бремена

Хајди Клум се појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал и ги изненади сите присутни со својот аутфит. Многумина...