Контакт

Daily news

Откриени знаци за целосно исчезнување на животот на Земјата во минатото

Објавено пред

Проучувањето на последиците од ткн кислородна катастрофа во далечното минато на Земјата покажало дека животот можел да исчезнува и повторно да се појавува неколкупати во историјата на планетата, пишува списанието PNAS.

dobivaj vesti na viber

„Сознанијата дека во историјата на Земјата имало одредени периоди кога немало толку кислород како денес, а животот бил многу поразличен или воопшто не постоел, може да значи дека откривањето на кислородот на далечните планети не мора да укажува на присуство на живот“, смета Михаел Кипп од Институтот за астробиологија на NASA во Сиетл.

Непознатата Земја

Научниците сметаат дека Земјата во далечното минато многу малку наликувала на светото кој го гледаме денес. Во атмосферата на планетата немало кислород а имало многу амонијак и мета. Водите наликувале според температурите и конзистентноста на густи супи кои вријат, а во нив опстојувале бизарни бактерии-екстремофили., од коишто научниците наоѓаат траги во најстарите карпи во вод на своевидни скаменети „костуми“ на колонии микроби.

Не е познато точно кога се зародил животот на планетата. Постојат спротиставени докази за тоа дека тој постоел уште пред 3,3 до 3,7 милијарди години па дури и пред четири милијарди години, фактички непосредно по завршувањето на формирањето на Земјата и на Месечината и крајот на „бомбардирањата“ од големите астероиди и комети, кои донеле „градежни блокови за животот“ на Земјата.

Тој живот, како што смета Кипп, постоел до настаните коишто геолозите ги нарекуваа „големата кислородна катастрофа“. Пред околу 2,4 до 2,32 милијарди години концентрацијата на кислородот во атмосферата драстично пораснала од 0,0001 отсто до сегашните 21 отсто. Причината за оваа појава, како што во моментов смета научната заедница, е појавата на првите организми кои се способни за фотосинтеза цијанобактериите, кои ја исчистиле атмосферата од CO 2 ја исполниле со кислород.

Кипп и неговите колеги нашле начин за детално да ги проучат овие појави, посветувајќи внимание на фактот дека однесувањето на двата изотопа на селенот – селен-82 и селен-78, многу силно зависат од концентрацијата на кислород во океаните или која и да е друга средина, вклучително и селенот и неговите соединенија. Ова им овозможило на научниците да го и следат движењата на концентрациите на кислород во првиот глобален океан на Земјата во време на периодот на ткн „кислородна катастрофа“.

Длабочините на животот

Ваквите податоци, како што натаму појаснува Кипп, е исклучително важни за сфаќањето на тоа дали првиот живот, за кој кислородот бил штетен, можел да ја преживее катастрофата и постепено да се прилагоди и постепено да се прилагоди на О2, зачуван во најдлабоките делови на океанот со ниска концентрација на кислород или, пак, тоа не било возможно. За да се добијат такви податоци, авторите на судијата проучувале седумдесетина примероци од најстарите карпи на Земјата од фамилијата наслаги на шкрилци, формирани на Гренланд, Јужна Африка и друг делови од планетата пред 2,3 до 2,1 милијарди години.

Мерењата откриваат многу интересна и неочекувана слика: наместо остро зголемување на нивото на кислород и негово постепено намалување во последните 200 милиони години, научниците увиделе дека концентрацијата на О2 во атмосферата останала стабилно висока во текот на целиот тој период. Потоа таа остро се намалила до нултата вредности останала на тоа ниво во текот на следните милијарда години, за што причините сé уште не се јасни.

Притоа Кипп и неговите колеги откриле траги од тоа дека дури и кон крајот на „кислородната катастрофа“ во глобалниот океан постоеле зони целосно „слободни“ од кислородот, каде што животот можел да се притаи и да се приспособи на новите услови во таа епоха.

Сличните текови на „кислородната катастрофа“ укажуваат на една интересна можност. Двесте милиони години постоење на кислород во атмосферата требало да биде доволно за древните организми да се приспособат на него и да „заборават“ како живееле во условите кога отсуствувал. Соодветно на тоа, во моментот кога кислородот нагло исчезнал, животот можел сосема да исчезне заедно со него.

Во полза на оваа теза говорат неколку фактори, како отворањето на „повеќеклеточните“ фосили формирани пред 2,1 до 2,2 милијарди години, бавното закрепнување на концентрацијата на кислородот во атмосферата, кое се протегало низ милијарда години, и цела низа друга причинители. Притоа, како што сметаат истражувачите, не е може да се зборува за тоа дека присуството на кислород на далечните планети задолжително укажува на постоење живот на нивната површина. Сосема е можно, дека жителите на тие планети да се веќе изумрени, без да остават траги.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Полицијата ја тргнала плочката, а зад неа – 350.000 евра скриени во ѕидот: детали за падот на судијата

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднела кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов (53)...

Македонија6 часа

МВР алармира: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“, и да не споделуваат лични податоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку...

Македонија8 часа

Јаневска: Колку повеќе децата се во училиште, толку е поголем нивниот резултат

Македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската...

Македонија8 часа

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција, кај кого беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид...

Македонија8 часа

Се зголемуваат цените на бензините и дизелот

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 1,5 и за 2 денари, соопшти...

Македонија10 часа

Анел Фидоски нов шеф на скопското јавно обвинителство

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје....

Македонија11 часа

(Видео) СДСМ обвини дека „Алфа“ не е само медиум туку политички проект: „Како и во времето на Груевски, повторно функционира како центар за црни кампањи“

Денеска, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на прес-конференција објави ново разоткривање на Антикорупцискиот тим – АКТ. Тој...

Свет11 часа

Лавров: Гренланд не е природен дел од Данска

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го коментираше конфликтот меѓу САД и Европа околу иднината на Гренланд, доведувајќи го...

Топ12 часа

Сакале насилно да влезат во затворена гостилница па го истепале сопственикот: 30-дневен притвор за двајца осомничени

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички...

Свет13 часа

Трамп објави фотографија и порача: Мора да го добиеме Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори своето барање да ја преземе контролата врз Гренланд, автономна данска територија. Зборувајќи со новинарите...

Свет13 часа

(Видео) Снежна бура во САД: верижен судир на повеќе од 100 возила

Повеќе од 100 возила се судрија или излетаа од меѓудржавен пат во Мичиген, САД, во снежна бура. Полицијата објави дека...

Свет14 часа

Данска со предупредување за одбраната на Гренланд: Воен конфликт со САД е реална можност

Копенхаген предупреди дека евентуалниот обид на САД да ја преземат контролата врз Гренланд со сила би довел до директен воен...

Свет14 часа

Поранешен советник на Трамп: Гренланд ќе остане Гренланд

Доналд Трамп нема да може да го принуди Гренланд да биде продаден на САД, изјави за Би-би-си поранешен висок советник...

Европа14 часа

(Видео) Русија го нападна Киев: делови од градот останаа без греење во студена ноќ

Русија ги нападна Киев и другите украински градови преку ноќ со балистички ракети и беспилотни летала, додека земјата се бори...

Свет15 часа

120 членови на Исламска држава избегаа од затвор во Сирија

Сирискиот министер за внатрешни работи изјави дека околу 120 припадници на Исламска држава избегале од затвор во градот Шадади, откако...

Свет15 часа

Австралија затвора десетици плажи поради напади од ајкули

Десетици плажи долж источниот брег на Австралија, вклучувајќи го и Сиднеј, се затворени по четири напади од ајкули во последните...

Македонија1 ден

Заменик министерот за образование поднесе оставка

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка. Тој вели дека сака да се посвети на неговата истражувачко – научна...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната...

Македонија1 ден

Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево

Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини...

Македонија1 ден

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота)...