Контакт

Daily news

Петрушевска: Ова не е политиканство, мора сите да се заштитиме од психопати кои растураат отрови

Објавено пред

Организацијата „Кане Корзо“ на денешниот протест во центарот на Скопје, побараа од институциите масовна стерилизација, а не масовна елиминација на животните кои живеат на улица или згрижување во стационари каков што е „Вардариште“.

Главниот проблем според нив е слободната продажба на отрови кои се опасност по здравјето и животот на сите.

„Институциите кои толерираат насилство, истото го охрабруваат и соучествуваат, а ние во нив го вперуваме прстот. Порачуваме и ги повикуваме институциите да постапат во рамки на нивните надлежности и да изнајдат хумани и ефикасни начини за надминување на проблемот со бездомните животни“, изјави актерката Весна Петрушевска на собирот.

Петрушевска потенцираше дека за насилниците на бездомни животни треба да им се изрече казна затвор.

„Јас имам вдомено четири кучиња, вие можеби имате уште повеќе. Не сакам моите деца да бидат жртва на некои психопати, неписмени и ненормални кои што фрлаат отрови и го загрозуваат животот не само на кучињата, туку и на децата“, додава таа.

По многуте напади кои легнаа на сметка на Здружението заштита на животните „Анима Мунди“, Петрушевска и граѓаните застанаа во нивна одбрана.

„Отсутноста на цивилизациското во нас е нивната невозможност да го прифатат животното такво какво што е и да го чуваат. Ние сме тука прво да се заштитиме себе си и да им дадеме пример на оние бедни души кои го прават тоа, а мислат дека ова е политиканство“, потенцираше Петрушевска во својот говор.

Протестирачите со транспаренти и пароли од плоштадот „Македонија“ се упатија кон Собранието./крај/мф/кл

Најново

Спорт3 часа

(Видео) Халанд ја сруши Данска во 96-та минута за место четвртфиналето – Новата „седумка“ погоди за победа на Португалија во Крдиф

Норвешка покрај Португалија, од Групата 4, ќе игра во четвртфиналето, во Лигата на нации. Норвежаните со спектакуларен пресврт и гол...

Спорт4 часа

Митревски го режираше пресвртот во Битола – Пелистер го победи Гумерсбах

Пелистер го победи Гумерсбах со 29:28 (9:14), во четвртото коло во Европската лига. Со првата европска победа оваа сезона, Пелистер...

Свет5 часа

Објавена е листата на најстресни градови во светот

Њујорк го освои првото место на листата на најстресни градови во светот, со оценка од 7,56 од максимални 10, според...

Свет5 часа

Херцог: „Ја штитиме Европа од џихадистичкиот бран“

Израел ја брани Европа од џихадистичкиот бран, изјави денес претседателот на земјата Исак Херцог, кој се сретна со чешкиот премиер...

Свет5 часа

Руски дрон над главниот град на Молдавија; Претседателката: Закана за цела Европа

Претседателката на Молдавија, Маја Санду изјави дека руски дрон летал над главниот град Кишињев и најави дека ќе побара дополнителни...

Свет5 часа

Украинскиот министер за одбрана: Главен приоритет за Украина оваа зима е заштитата на небото, размената на ракети е неопходна

Украинскиот министер за одбрана Евгениј Хмара денес изјави дека главен приоритет за Украина оваа зима е заштитата на небото, како...

Свет5 часа

Захарова: Странските војници во Украина би биле легитимна цел на руската армија

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека евентуалното распоредување на француски војници во Украина би...

Свет6 часа

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин

Финскиот претседател Александар Стаб ги повика европските лидери директно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на војната...

Спорт6 часа

(Видео) Спектакуларен меч на Кипар – Олимпијакос го победи Макаби

Кошаркарите на Олимпијакос го победија Макаби со 97:95 во 12-то коло од Евролигата, по спектакуларни 45 минути кошарка. Олимпијакос повторно...