Контакт

Daily news

Пет отсто возрасни имаат нарушување на вниманието

Објавено пред

Нарушувањето на вниманието е дијагностицирано кај релативно мал број на луѓе, а токму дијагнозата може да биде од исклучителна важност. Примарниот критериум во дијагностицирањето на нарупувањето на вниманието кај возрасните се проблемите со концентрацијата, фокусот, организацијата и меморијата.

Митовите дека лесно се добива нарушување на вниманието не се точни. Меѓутоа, ако овие симптоми негативно влијаат на вашиот живот обратете се кај својот лекар и разговарајте за дијагнозата.

Ерик Лифшиц, психијатар од Санта Моника, вели дека нормално е дневно да имате барем една глупава конверзација. Но, ако сите разговори ви се здодевни, ако постојано ги прекинувате другите и скокате од тема на тема, тогаш веројатно имате дефицит на вниманието.

Уште една работа на која се жалат лица со овој проблем е дека другите луѓе зборуваат премногу бавно. Со оглед на тоа дека мозокот на луѓето со нарушено внимание секогаш е два чекора напред, тие можат да имаат проблеми да ги слушаат другите.

Лица со нарушено внимание често доцнат, бидејќи губат предмети кои секојдневно ги користат. – Лица со нарушено внимание не знаат да го распоредат времето. Тие го потценуваат времето потребно за рутински работи како што се наоѓање на клучеви или чевли, вели Лифшиц.

Смиреноста бара мирен ум, а лицата со нарушено внимание тоа тешко го постигнуваат. Тоа се гледа на примери каде не можат да седат додека трае филм, преферираат само активни хобија, игрите брзо им здосадуваат и стануваат нервозни дури и во тек на масажа. Интересно е и дека речиси е невозможно да медитираат.

Знак за нарушено внимание кај возрасните е и проблемот со завршување на обврските. Ако домот ви е исполнет со незавршени работи, многу делумно прочитани книги, тогаш дефинитивно имате нарушено внимание.

Лица со нарушено внимание се склони и да прават ситни грешки, иако знаат дека можат подобро.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Забава4 часа

Најскапата фотографија на денот: „Моќта е во косата“

Една фотографија, двајца фудбалски великани и милиони реакции. Златан Ибрахимовиќ објави фотографија на Инстаграм на која стои лице в лице...

Забава4 часа

Мадона влезе во историјата на Билборд топ листите со новиот албум

Мадона уште еднаш го потврди својот статус на Кралица на попот со освојувањето на првото место на Билборд 200 топ...

Македонија5 часа

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности...

Спорт5 часа

ПСЖ сериозно заинтересирани за голманот на Парма

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Заион Сузуки, објавуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека двократниот последователен шампион...

Македонија5 часа

(Видео) Спасовски: Навреди кон пратениците на СДСМ, бараме извинување од Гаши

Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара...

Спорт5 часа

Родри: не е добра опција да се надигруваме со Франција

Капитенот на европскиот првак Шпанија, пред полуфиналниот натпревар со Франција, на Светското првенство, им порача на соиграчите да бидат претпзливи....

Спорт5 часа

Европскиот првак ќе се засили со Лукас Дињ

Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, ќе стане првото засилување во летниот преоден рок на двократниот европски шампион Пари Сен...

Македонија5 часа

(Видео) Филипче: Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд...

Спорт5 часа

Манчестер Јунајтед донесе фудбалер на Челзи за 58.000.000 евра

Додека ги финишира преговорите со Јури Тилеманс и Астон Вила, Манчестер Јунајтед го официјализираше своето прво засилување за сезоната 2026/27....