Контакт

Daily news

Пожарите во Македонски Брод ги гаснат хеликоптери на АРМ, Бугарија и Турција, кон местото се упатуваат и доброволци од други градови

Објавено пред

Пожарите во Македонски Брод горат веќе две недели, а во нивното гаснење, освен хеликоптерите на АРМ, се вклучија и хеликоптери на Бугарија и на Турција, информира Центарот за управување со кризи.

dobivaj vesti na viber

Од таму информираат дека состојбата со пожарите во Македонија до 11 часот е следна:

Северен (Скопски) Плански Регион

Пожарот кај браната „Матка“ во моментот се води како локализиран. На местото на пожарот во текот на ноќта имало дежурна екипа од ЈП „Паркови и зеленило“. Во утринските часови имало еден налет и интервенција од еден хеликоптер.

Едниот пожар во село Студеничани е локализиран, а другиот е речиси изгаснат.

Пожарот кај село Бојане е на непристапен терен и испратена е екипа кон местото.

Југозападен Плански Регион

Пожарот во атарот на село Требовле и село Растеш сè уште е активен и во неговото гаснење ангажирани се три хеликоптери, по еден од АРМ, Бугарија и Турција, кои дејствуваат од утринските часови.

Во гаснење на пожарот учествува и месното население од село Растеш и лица од село Заграда, а кон местото се упатуваат и доброволци од Кичево, Прилеп и Скопје.

Силите на ШС „Сандански“ – Македонски Брод се ангажирани за гаснење на пожарот во село Растеш. Тие преземаат активности за локализирање на пожарот за да не се приближи до куќите и шталите со стока што се во подножјето на село Растеш, како и за спречување на пожарот во месноста наречена Коритски Дол за да не се прошири кон селата Растеш и Заград.

Пожарот во Девич е активен, но со намален интензитет. На пожарот во атарот на селото Близанско интервенирал и еден хеликоптер и засега нема поголеми жаришта.

Пелагонски Плански Регион

Пожарот кај Подвис – Локвени, кој се прошири во пределот по ридот кон селата Алданци и Норово, сè уште е активен. Горат стрништа и нискостеблеста дабова шума.

Тетовско-полошки Плански Регион

Во реонот на Тетово активни се два пожара на отворен простор, и тоа над селото Копанце, каде што гори површина обрасната со сува трева по сртот на планината Жеден и не е зафатена шума. На местото е екипа од ШС „Лешница“ – Тетово.

Во атарот на селото Гургурница активен е пожарот што од страната на Македонски Брод се префрли на територијата на општина Брвеница. Горат сува трева и пасишта. Екипа од ШС „Лешница“ – Тетово е на терен и ја следи состојбата.

Пожарот во селото Железна Река е локализиран вчера во 23 часот.

Повардарски Плански Регион

Во атарот на селото Дреново, во месноста Дреновска Корија, од вчера во 21.10 часот има активен пожар со кој е зафатена шума под даб, јасен и бука. На терен се вработените на ШС „Бабуна“ – Велес, но пожарот е интензивен и се бара гаснење од воздух.

Пожарот во атарот на селото Богомила, во месноста Црвен Дол, кој вчера во 20.30 часот беше ставен под контрола, подоцна, во 22.15 часот, повторно е разгорен.

Утрово таму се упатени екипи на ШС „Бабуна“ – Велес и на Дирекцијата за заштита и спасување – Велес. Од ЦУК известуваат дека за гаснење на пожарот веќе интервенира авион.

Пожарот на падините на Горна Јакупица е активен, а теренот е непристапен за гаснење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа9 часа

Столтенберг: Војната во Украина може да се претвори во војна меѓу Русија и НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост дека руската војна во Украина може да излезе од контрола и да...

Европа12 часа

Османи: На Косово никогаш нема да има полицајци и војници од Србија

Претседателката на Косово, Вјоса Османи посочи дека последните инциденти на северот на Косово, се насочени против уставниот поредок и суверенитетот...

Топ14 часа

18-годишник обезбедил податоци од картичката на дедо му, плаќал за игри и купувал

18-годишно момче обезбедувајќи податоци од картичката на неговиот дедо извршил стотици плаќања, потрошувајќи над 468 илјади денари, соопшти МВР. Според...

Свет14 часа

Путин: Ќе го избришеме од лицето на земјата секој што ќе не нападне со нуклеарно оружје

Секоја земја што ќе ја нападне Русија со нуклеарно оружје ќе биде избришана од лицето на земјата, изјави денеска рускиот...

Македонија16 часа

Ивановска: Поразително за државата е доаѓањето на тим од Вашингтон

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција Билјана Ивановска смета дека е поразително за државата доаѓањето на тим од Вашингтон,...

Регион18 часа

Брнабиќ за ситуацијата на Косово: Курти нè доведе до раб на војна

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград ја коментираше ситуацијата во Косово. „Денес имате ваков ден,...

Македонија19 часа

Закани за бомби добиле полициската станица Центар, „Ист гејт“ и „Бисер“, Железничката станица и зградата „Пегла“

Закани за бомби утрово пристигнаа до трговските центри „Ист гејт“ и „Бисер“, Транспортниот центар, зградата „Пегла“ и полициската станица Центар,...

Македонија20 часа

Нови дојави за бомби во скопски училишта

Неколку средни училишта и утрово добиле закани за бомби на електронските адреси. МВР е на терен и ја спроведува стандардната...

Свет21 час

Јапонија, Велика Британија и Италија заеднички градат борбен авион од новата генерација

Јапонија ќе работи со Велика Британија и Италија на проектот за нова генерација борбени авиони, рекоа трите земји, додека Токио...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Нема поголем пораз дека власта е корумпирана од тоа странци да расчистуваат со криминалот во државата

„Уште еден целосен дебакл за државата е фактот дека странци ќе го расчистуваат со криминалот во Македонија. Нема поголем пораз...

Македонија22 часа

СДСМ: Блокадите на Скопје целосно да прекинат, Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го создадоа

Христијан Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го создадоа со блокадите на Скопје, кои со денови им...

Свет22 часа

САД ѝ испраќаат на Украина противвоздушна одбрана во вредност од 275 милиони долари

Соединетите Држави се подготвуваат да испратат воена помош на Украина во вредност од 275 милиони долари, што ќе ѝ овозможи...

Свет22 часа

САД планираат да воведат нови санкции против Русија и Кина

Соединетите Американски Држави планираат да воведат нови санкции кон Кина и Русија, кои ќе вклучуваат казнување на Москва за употребата...

Европа22 часа

(Видео) Гори трговски центар во близина на Москва, еден од најголемите во Европа

Пожар рано утринава зафатил еден од најголемите трговски центри во близина на Москва, соопштија локалните служби за итни случаи. Дел...

Македонија2 дена

Приватните превозници утре ќе ja блокираат „Илинденска“

Автобусите на приватните превозници од утре ќе се преселат кај бараките на Град Скопје информираат од „Слобода превоз“. Во кординација...

Регион2 дена

Хрватска влезе во Шенген, за Бугарија и Романија потврдено е ветото

Бугарија и Романија остануваат надвор од Шенген зоната, откако не успеаја да добијат едногласна поддршка од Европскиот совет во Брисел,...

Македонија2 дена

Мицкоски: Со мачнина ја гледам пинг понг играта на коалицијата на хаосот – Арсовска и Ковачевски додека граѓаните страдаат

„Со мачнина ја гледам пинг понг играта на новата коалиција на хаосот, Градот Скопје и власта на Ковачевски за проблемите...

Македонија2 дена

(Видео) Ковачевски од лидерскиот самит во Виена: Солидарност и правда се најсоодветни одговори за кризата

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска учествува и има свое обраќање на Самитот на лидери од Западен Балкан во Виена,...

Европа2 дена

Ердоган: Ќе и го скршиме рбетот на инфлацијата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека турската влада се надева дека ќе и го „скрши рбетот“ на високата инфлација...

Македонија2 дена

Грковска: Популизмот е најштетен за една демократија, треба храброст за да ја одржиш државата на вистинскиот пат

Политиките за добро владеење се основа за стабилноста на секоја држава. Доколку сакаме стабилност мора граѓаните да имаат доверба во...