Контакт

Daily news

Попоски во Рим на состанок со шефовите на дипломатиите од Западен Балкан

Објавено пред

На покана од министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Анџелино Алфано, на 24 мај во Рим ќе се одржи неформален состанок на кој ќе учествуваат министрите за надворешни работи од земјите од Западен Балкан, пришто ќе присуствува и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

Состанокот се организира во пресрет на Самитот во Трст (12 јули 2017 година) во рамки на Берлинскиот процес, а со цел размена на информации во однос на актуелните предизвици со кои се соочуваат земјите од Регионот, како и разгледување на степенот на исполнување на обврските во областите предвидени со агендата на Самитот.

Република Македонија му придава сериозно значење на Берлинскиот процес и активно учествува во процесот за изградба на зајакната регионална соработка., додаваат од МНР./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Црна хроника25 минути

Стружанец пријавил дека бил грабнат со закана со оружје, па признал дека измислил

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Р. (32) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“,...

Македонија28 минути

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Сите настани околу прославата на 35 години самостојност ги платиле општествено одговорни компании, рече премиерот Христијан Мицкоски. Иако денес првпат...

Македонија33 минути

Само 32 отсто од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Резултатите од ПИСА 2025 се повторно многу лоши, но тие се одраз на претходно спроведените реформи во образованието, оцени денеска...

Македонија43 минути

15-годишен битолчанец спаси тричлено семејство од давење во Грција

Петнаесетгодишниот Михаил Николовски од Битола помогнал да се спаси тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во морето...

Спорт45 минути

НБА сака да ја преземе Евролигата

НБА е подготвена да ја купи и преземе Евролигата. Потенцијалната понуда на НБА за купување на Евролигата би можела да...

Свет1 час

Германија би можела да му достави на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Германија би можела да ѝ достави на Украина податоци за украинските мажи кои живеат во земјата и се способни за...

Свет1 час

Кина воведува построги правила за вештачката интелигенција и авторските права

Кина планира да ги заостри и приспособи прописите за заштита на интелектуалната сопственост поврзани со вештачката интелигенција и алгоритмите, како...

Македонија1 час

„Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, првично закажан за...

Македонија1 час

Тошковски во посета на Тетово: „Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово,...