Daily news
Попоски на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“ во Рим
Во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска, во Рим, ја предводеше државно црковната делегација на молебенот на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“.
Во присуство на бројни гости, со молебенот, на гробот на Светителот, чиноначалствуваа митрополитот дебарско – кичевски Тимотеј и митрополитот Европски Г.Пимен.
Традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“ на 25 мај годинава ќе биде збогатена со настап на музичката група Баклава, која во Рим ќе ја претстави македонската изворна музичка традиција.
Попоски, на 26 мај, како дел од државно – црковната делегацијапредводена од претседателот Ѓорге Иванов, ќе присуствува на аудиенцијата кај Папата Франциск, а веднаш потоа ќе го придружува претседателот Иванов на средбата со Државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пиетро Паролин, во Апостолската Палата./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
