Контакт

Daily news

Поставени нови подземни контејнери во Триангла

Објавено пред

Градот Скопје ги пушти во употреба подземните контејнери за одлагање комунален отпад во населбата Триангла како дел од проектот за поставување систем за подземни контејнери.

На пуштањето на подземните контејнери присуствуваа градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

– Градот Скопје, ЈП „Комунална хигиена“ и oпштините во градот Скопје продолжуваат со проектот за поставување системи со подземни контејнери, кој почна во 2013 година, со инсталирање 16 системи со 46 контејнери со зафатнина од 3 кубни метри во општина Центар и 2 система со 4 контејнери во општина Чаир. Проектот продолжи и во другите општини и секоја година се инсталираа нови системи така што досега имаме инсталирано, покрај овие на 16 локации во општина Центар, и во општина Аеродром на 6 локации, во општина Кисела Вода на 6 локации, во општина Гази Баба на 6 локации и во општина Чаир на 5 локации, или досега имаме поставено подземни инсталации на 39 локации во градот со по три подземни контејнери. Празнењето на подземните контејнери е на хидрауличен погон за што ќе се употребуваат постојните возила на ЈП „Комунална хигиена“, кои се специјално надградени за оваа намена. Исто така, и за 2017 година се обезбедени средства за уште 15 инсталации, во 5 општини (оваа година се вклучуваат и општина Карпош и општина Ѓорче Петров) со по 3 инсталации. Денеска се наоѓаме во општината Гази Баба и го промовираме почнувањето со работа на една од трите локации каде што се инсталирани системи со 3 подземни контејнери со зафатнина на секој контејнер од 3 кубни метри, од кои 2 за мешовит отпад од домаќинството и по 1 контејнер за ПВЦ-амбалажа. Вкупната инвестицијата на овој проект изнесува 6,6 милиони денари и во неа еднакво, по 2,2 милиона денари, учествуваат Градот Скопје, ЈП „Комунална хигиена“ и Општина Гази Баба, односно по толку ќе вложуваат и општините во кои ќе се поставуваат овие системи за подземни контејнери. Со Општината Гази Баба потпишавме и договор за дополнителни три локации за поставување вакви системи. Овој систем за собирање на комуналниот отпад е исклучително софистициран и успешен, со одлични ефекти во заштитата и зачувувањето на здравјето на граѓаните, како и во одржувањето на хигиената во општините. Сакам да апелирам до граѓаните да ги чуваат и соодветно да ги користат овие подземни контејнери – изјави градоначалникот Трајановски.

Градоналникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, изјави дека за да се подобри хигиената, во општината се поставени подземни контејнери на уште три локации, односно во населбата Триангла, населбата Хиподром и населбата Ченто.

Исто така, потенцира дека е потпишан договор за уште три вакви системи и ќе се постават кога општината ќе ги утврди микролокациите за новите подземни контејнери.

Подземните контејнери имаат зафатнина од 3 кубни метри, во нив отпадот се складира на пониска температура, притоа не зафаќајќи слободна површина над земјата. На тој начин се намалува и непријатната миризба што се шири од отпадот, како и можноста за негово разнесување во околината.

 

 

 

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Daily news

Уставните судии ќе расправаат дали ќе ја прифатат иницијативата за стопирање на референдумот

Објавено пред

Од денешната седница на Уставниот суд ќе зависи судбината на референдумот за договорот со Грција, кој треба да се одржи по 11 денови, односно на 30 септември.

Пред девет уставни судии утрово ќе се најдат поднесените иницијативи на партијата Левица и на Светскиот македонски конгрес, со кои се бара поништување на одлуката за рефереnдум и времено да бидат стопирани активностите поврзани со референдумот.

Судот може да ја прифати или отфрли иницијативата или, пак, да се прогласи за ненадлежен. Известител е судијката Елена Гошева и, неофицијално, таа во рефератот предлага Уставниот суд да поведе постапка за преиспитување на уставноста на одлуката.

Прикажи повеќе...

Daily news

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Објавено пред

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за „Макфакс“ дека поплаките од граѓаните се за удобноста на новите автобуси кои се набавени пред 8 години. Прашан за коментар зошто МВР ги исклучува од сообраќај возилата на ЈСП ако се тие исправни, Толевски вели дека тоа секогаш се случувало во изминатите 20 години. Толевски вели дека во ЈСП има и неискусни возачи кои се млади и се примени политички.

„Нормално е да има такви. Да не се лажеме, во Македонија не значи дека сите деца што ги примаат на работа се екстра квалитетни, има и такви што се примени преку партија“, вели Толевски, кој додаде дека потенцијалните возачи во ЈСП треба да имаат возачка од Д-категорија, а искуството го стекнувале по вработувањето во претпријатието.

Прашан за исправноста на автобусите, техиничкиот директор вели: „Немој да мислите дека ако постојано го сервисирате вашето возило, тоа е 100 отсто исправнo. Нема да потврдам дека автобусите се неисправни. Сите возила што излегуваат од ЈСП се проверуваат“.
Техничкиот директор на ЈСП негира дека сега автобусите се поплавуваат при дождови. Според него, информациите се неточни.

„Се работи за енормна количина фејсбук-профили што се занимаваат со таа проблематика. Откога сум јас технички директор, а тоа е од пред Нова година, се судрив со написи во неколку портали за старите автобуси. Беше објавена фотографија од стар автобус што протекува. Таа слика беше стара 5 години. Ова раководство тоа не го заслужи. Најверојатно, се работи за фејсбук-манијаци, кои покажаа едно возило, кое беше празно, протекуваше, а внатре седеше жена со чадор. Таа слика е стара шест години. Ние сите дупки ги покривме, ги изолиравме со платички материи и тие сега не протекуваат“, вели Толевски, кој немаше коментар за проблемот со гумите што го имаат автобусите, но потврди дека сепак го има.

Толевски вели дека ЈСП не може секоја година да ги менува гумите на автобусите. За квалитетот на гумите, техничкиот директор вели дека се избирани по принципот најниска цена преку јавна набавка, па затоа тие имаат лош квалитет.

„Во текот на возењето може да се случат разни аномалии. Имаме возачи што се примени, а не се ни снаоѓаат со овие возила. Од нашата работилница излегуваат автобуси кои релативно ги исполнуваат стандардите. Најчести дефекти на линиите имаме поради гумите. Шoфeрот поради поради недостиг на уреа за селективна каталитичка редукција, не се чувствува сигурно поради тоа што му светнала некоја светилка и запира. Млади се, имаме одреден број, кои политички се примени, па се неискусни возачи“, вели техничкиот директор Толевски.

Васил Толевски вели дека во моментот ЈСП прави напор за набавка на автобуси што ќе возат со природен гас. Во тој момент од функција ќе бидат исфрлени старите автобуси, а очекувањата се дека тоа ќе се случи идното лето. Автобусите на гас ќе ги намалат трошоците на претпријатието, а граѓаните ќе видат што значат современи западни возила, вели Толевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура7 часа

(Галерија) Почна ,,Браќа Манаки” – Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Со перформанс во режија на Срѓан Јаниќијевиќ беше отворен 39 интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На...

Европа11 час

Почна Октоберфест во Минхен, се очекуваат шест милиони посетители

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтен го отвори 185. фестивал на пивото – Октоберфест, еден од најпознатите и најголемите фестивали во...

Македонија13 часа

(Видео) Шилегов: Од Лисиче до Центар со воз се стигнува за 4 минути, од таму продолжете со велосипед

Европската недела на мобилност 2018 во Скопје заврши со комбинирање на железнички и превоз со велосипед. Активисти од здружението „Прв...

Свет15 часа

(Видео) Над 20 мртви при вооружен напад за време на воена парада во Иран

Дваесет и четири лица се убиени, а 53 повредени во утринскиот напад на вооружени луѓе за време на воена парада...

Македонија15 часа

(Видео) Платите на хирурзите покачени за 5.300 денари, повисоки плати и во школите и во градинките

На вработените во градинките, училиштата и болниците септемвриската плата ќе им биде зголемена за пет отсто. Зголемената плата ќе им...

Македонија17 часа

Следува период на пост-демократија во која главниот збор не е на избирачите, рече Иванов на предавање во САД

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на почетокот на работната посета на САД, одржа предавање на Државниот универзитет Вејн во...

Топ18 часа

Холанѓанец пронајден мртов во вила во Трпејца

Во вила во охридското село Трпејца, во текот на вчерашниот ден починат бил пронајден 79-годишен Холанѓанец. Како што информираат од...

Македонија18 часа

(Видео) Макрон со обраќање до македонските граѓани: Ниеден договор не е совршен, но се работи за иднината на земјата

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во пресрет на референдумот закажан за 30. септември преку видео-обраќање упати порака до македонсите граѓани, при...

Крвав четврток1 ден

Го извадив пиштолот и кажав стој полиција, сведочеше телохранителот на Оливер Спасовски за 27 април

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд...

Крвав четврток1 ден

Ги видов пратениците Мукоски и Василевски како ги вадат гредите од вратите на Собранието, сведочеше собраниски обебзбедувач

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше собранискиот обезбедувач Владимир Стојков. Тој потврди дека кога чул врева,...

Македонија2 дена

Претепаниот скопјанец: Ме намести пријател, тие ме чекаа во заседа

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра,...

Топ2 дена

(Видео) Кавадарчанец прободел жена со нож во стомакот кога му рекла дека е бремена

Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во...

Македонија2 дена

Обвинителството ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени во „Скопјанка“

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето коешто живее со бабата во станот во „Скопјанка“, којшто...

Македонија2 дена

Мухиќ: Владата не им објасни на граѓаните кои уставни промени ќе се случат по референдумот

Независниот пратеник Ферид Мухиќ не сакаше за ,,Макфакс” да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името,...

Македонија2 дена

Фрчат казни за адвокати во кривичниот суд, тројца казнети со 1000 евра

Поради неприсуство на тројца адвокати, Судот го одложи денешното рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Топлик“....

Македонија2 дена

Се разболе обвинетиот Митко Пецов – Фатиме побара да биде приведен

Одложено е рочиштето за предметот ,,Насилство”. Обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата, обвинителката на СЈО Фатиме...

Македонија2 дена

Претепаното момче во Аеродром има потрес на мозокот и скршеници

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром добило скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исеченици по глава...

Македонија2 дена

Јавното обвинителство формираше комисија за следење на противправности во врска со референдумот

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше комисија за следење на евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30...

Свет2 дена

Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот...

Македонија2 дена

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“ оти не се појавиле...

Досие