Daily news
Потона брод кај Мармарис: Едно лице загина, три се водат како исчезнати
Најмалку едно лице загина, а три лица, од кои две се деца, се водат како исчезнати откако туристички брод потона денеска во Средоземно Море во близина Мармарис.
Меѓу исчезнатите е и сопственикот на бродот.
Во бродот се наоѓале 11 лица, а до сега се спасени осум патници.
Причината за несреќата засега не е позната, а службите за вонредни ситуации се во потрага по изчезнатите лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
