Контакт

Daily news

Почесниот конзул на Македонија во Барселона уапсен под сомневање дека си ги убил децата

Објавено пред

Почесниот конзул на Македонија во Барселона, Марио Сезар Деус, е уапсен во Јужна Африка поради осоновано сомневање дека си ги убил двете деца, тригодишни близнаци.

Шпански „Ел Паис“ кој се повикува на информациите од полицијата во Јужна Африка, пренесува дека мајката на децата, инаку шведска државјанка, ги нашла телата во летната резиденција на Марио Деус во близина на Кејп Таун. Според јужноафриканската полиција, во моментот кога мајката пристигнала во семејната вила, почесниот македонски конзул избегал со нејзиниот автомобил, но подоцна бил уапсен во Кејп Таун.

„Околностите за убиството и причината за смртта на тригодишните близнаци се уште се испитуваат“, изјави тамошниот полициски портпарол.

Медиумите јавуваат дека Деус е обвинет по две точки за убиство и за кражба на автомобил и наскоро ќе се појави во суд.

На интернет страната на МНР за Марио Сезар Деус пишува дека за почесен конзул на Македонија во Барселона е назначен на 6 декември 2012 година. Инаку тој е познат стоматолог од Барселона а поседува и фирма на свое име.

Макфакс побара информација од МНР во врска со овој немил настан. Оттаму ни одговорија дека преку амбасадата на Република Македонија во Мадрид се побарани соодветни потврди за немилиот настан од шпанските министерства за внатрешни и надворешни работи а по добивањето на истите ќе биде одлучено дали ќе му биде одземен статусот на почесен конзул на осомничениот Марио Деус. крај/мф/дм

 

Најново

Македонија14 минути

Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство – дигитализација, кадри и нови технологии

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска учествуваше на министерскиот панел на високо ниво на 9. Германско-источноевропски здравствен форум во Берлин....

Македонија18 минути

Меџити: Новиот базен во училиштето „7 Март“, инвестиција од околу 1 милион евра за децата од Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го посети основното училиште „7 Март“, каде што одблиску го проследи напредокот на градежните...

Македонија30 минути

Сулејмани: Преспанскиот Регион ќе стане симбол на новата соработка меѓу Северна Македонија, Грција и Албанија – потпишанa заедничкa изјава за патот кон УНЕСКО

Со потпишување на заедничката изјава, министрите за култура на Северна Македонија, Грција и на Албанија на денешната трилатерална средба во...

Спорт41 минута

Хуркач го приземји Ѓоковиќ на Мастерсот во Шангај

По титулата во Пекинг, Новак Ѓоковиќ во првиот меч го заврши настапот на Мастерсот во Шангај. Подобар од него во...

Македонија53 минути

Директорот на Царина: Наш највисок заеднички интерес е создавање силни безбедносни коалиции во борбата со илегална миграција и сериозен криминал

„Наш највисок државен интерес е создавање на силни безбедносни коалиции со што ќе овозможиме посилен заеднички глобален напор во борбата...

Македонија55 минути

Герасимовски: Асфалтиран дел од улица во Маџир Маало, ја подобруваме уличната инфраструктура во Центар

Општина Центар асфалтираше дел од улицата ,,Маџир Маало“ во населбата, на површина од 352 квадратни метри. Досега жителите на овој...

Македонија1 час

ЗНАМ: На наша иницијатива започнаа инспекциските надзори на активните градилишта во Центар

На иницијатива на советниците од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија,нзапочнаа инспекциските надзори на активните градилишта на територијата на Општина...

Македонија1 час

И еден месец по прославата, Владата не кажа колку пари е настапот на Давид Гета: тоа е доверлив договор меѓу „Страдаст“ и артистот

Директорот на Државната лотарија, Александар Климовски, заедно со портпаролката на Владата, Марија Митева, денес повеќе од половина час го презентираше...

Македонија1 час

Николоски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје -Блаце

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работна посета на Подгорица, Црна Гора, каде оствари средби со премиерот Милојко...