Контакт

Daily news

Почна дебатата за избор на заменици-министри во Владата

Објавено пред

Замениците-министри се бирани по стручност, ќе работат посветено на реформите и паралелно со министрите кои ги водат ресорите во Владата, рече премиерот Зоран Заев претставувајќи ги пред пратениците кандидатите за заменици-министри. Предложените кандидати, како што посочи, ја знаат својата одговорност, дека ќе добијат задача да ја извршуваат одговорно функицијата раководејќи се од Уставот и законите и од општиот интерес за подобрување на животот на граѓаните.

„Ви го доставивме нивните биографии пред една недела и имавте можност да видите за какви кадри станува збор.Се работи за лица кои се стручни во својата област, што ветува дека професионално и чесно ќе си ја вршат својата функција. Важно е дека тие нема да бидат само заменици туку ќе си имаат свои задачи и паралелно ќе работат со министрите и ќе придонесат. Ние остануваме на реформските определби кои ги ветивме пред граѓаните“, рече премиерот Заев на собраниската расправа.

По излагањето на Премиерот, за збор се јавија голем дел од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тие велат дека најголем дел од предложените кадри се партиски послушници и нема да придонесат ништо за ветените реформи. Пратеникот Антониио Милошоски побара објаснување по кој критериум е предложена Арта Точи од Алијанса на Албаниците, која, според него, во своите трудови има сериозни закани за територијалната организација  на државата.

„Изневерена идејата на СДСМ за помала Влада. СДСМ пред изборите ветуваше дека нема да има повеќе од 20 министри, а сега има 26 министри и 26 заменици. Тоа е доказ за недоследноста на СДСМ за буџетот и неговото трошење. Во однос на предлозите за заменици-министри, прашувам како може Арта да биде дел од Владата а тврдеше дека западна Македонија треба да припадне на Албанија, а земјата ја ословува со ФИРОМ“, рече Милошоски.

За заменик-министер за одбрана е предложен Беким Максути, за заменик-министер за внатрешни работи Агим Нухиу, во Министерството за правда Оливер Ристовски, во Министерството за надворешни работи Арта Точи, во Министерството за финансии Ширете Елези, а во Министерството за економија Кире Наумов. Власте Димковиќ е предложен за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Гоце Чакаровски за здравство, Висар Гани за образование и наука, Елми Азири за труд и социјална политика, Дејан Павлески за локална самоуправа, Владимир Лазовски за култура, Александар Бајдевски за информатичко општество и администрација, Ремзи Мехмеди за транспорт и врски, а Јани Макрадули за заменик-министер во ресорот животна средина и просторно планирање.

Инаку, за дебата има пријавено долга листа на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, дел за збор, дел за реплики. Со оглед на фактот што партијата сè уште нема формирано пратеничка група, Деловникот не ограничува колку пратеници може да се јават. Според ова, неизвесно е дали дебатата може да заглави со денови, па и недели.

Габриела Д. Мишевска



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Папата: Настаните во Украина, Газа, Либан и Иран покажуваат нехумана еволуција

Папата Лав XIV објави порака на X во која предупреди на свет обележан со војна, јазик на војната и зголемена...

Македонија19 минути

Четири лица уапсени, вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Четири лица се уапсени, а вкупно имало пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, соопшти МВР. На 13.05.2026 во...

Македонија28 минути

Уапсени 10 возачи, петмина возеле без дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување...

Македонија45 минути

Велковски во посета на Центарот за социјална работа во Велес: Помошта да стигне до оние на кои им е најпотребна

Заменик – министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денес оствари работна посета на Центарот за социјална работа...

Македонија49 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Сведоштва имаме од обвинители и судии дека Заев, Шеќеринска и Спасовски биле тие кои кажувале кој ќе се гони

Сведоштва имаме од обвинители и судии дека Заев, Шеќеринска и Спасовски биле тие кои кажувале кој ќе се гони, а...

Спорт55 минути

Синер го победи Рубљов и го сруши рекордот на Ѓоковиќ

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Андреј Рубљов во четвртфиналето на Мастерсот во Рим и ја забележа својата 32-ра победа...

Економија1 час

Божиновска на Energy Transition Summit во Атина: Посветени сме на заложбите за кредибилен партнер во Европската енергетска интеграција

Посветени сме да бидеме конструктивен регионален партнер, кредибилен учесник во европската енергетска интеграција, земја која придонесува за постабилна, побезбедна и...

Македонија1 час

(Видео) Огњеновиќ: Настап на Дејвид Гета чини најмалку еден милион евра, Владата не го откри хонорарот

Најавата на Владата дека познатиот француски ди-џеј Дејдид Гета ќе настапи во Скопје во рамки на прославата за 35 години...

Свет2 часа

Иран: Се договоривме со Кина за Ормускиот теснец

Иран почна да дозволува одредени кинески бродови да минуваат низ Ормускиот теснец откако постигна договор за правилата на Иран за...