Daily news
Прв чартер лет од Амстердам до Охрид
Со првиот чартер лет со халндски туристи од Амстердам со авиокомпанијата „Корендон“ денеска на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе биде одбележано отворањето на летната сезона во најпознатиот македонски туристички центар.
Според најавите од ТАВ Македонија, холандските туристи ќе ги пречекаат министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој и охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
