Daily news
Предавања на тема „Улогата на полицијата во демократизацијата на општеството“ во Охрид
„Улогата на полицијата во демократизацијата на општеството“ е насловот на проектот што викендов почна во Охрид, а се реализира во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) – Оддел Македонија.
На денешните завршни сесии ќе биде извршена презентација на тема „Односот на полицијата со јавноста на ниво на локална заедница“- дефинирање на основните поими и осврт на законската рамка во Република Македонија, како и осврт на полициската организација и нејзиниот однос со јавноста во Република Македонија.
Меѓу другите, во рамките на проектот беа направени и осврти по темите „Основни човекови права и слободи“, „Предизвици на полицијата во врска со основните човекови права и слободи“,„Кодекс на полициската етика“ и други.
Предавачи се релевантни полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
