Daily news
Премиерот Заев и Хазби Лика ќе ги презентираат деталите за Законот за употребата на јазиците
По повод усвојувањето на текстот на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија од страна на Владата на Република Македонија, премиерот Зоран Заев и заменик претседателот на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, Хазби Лика ќе ги презентираат деталите од договорот.
Изјавата за медиумите по повод усвојувањето на законот, претседателот на Владата, Зоран Заев и заменик на претседателот на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, Хазби Лика, ќе ја дадат денеска пред ресторанот „Лихнидос“ во Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
