Daily news
Програма „БизСпарк“ за поддршка на ИТ стартапи
Моторизираната патна торба Гита е дизајнирана за да го олесни носењето на багажот и да ги ослободи луѓето кои патуваат.
Фирмата Пијаџо, која што е сопственик на брендот Веспа, излезе со нов изум, кој што на некој начин е робот кој ни го носи багажот.
Гита може да носи до 20 килограми облека и тоа го прави следејќи го сопственикот или користејќи мапи од интернет. Достигнува брзина и до 35 километри на час, што ја прави доволно брза да држи чекор и со велосипед.
Се уште не се познати сите специфики на овој гаџет, ниту неговата цена, а официјалното претставување на производот е закажано за 2. февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

