Контакт

Daily news

Продолжи седницата во Собранието – Протестите, празниците и платформата моментална топ тема

Објавено пред

На дванаесеттата седницата на Собранието, продолжува расправата за избор на претседател на Собранието на Република Македонија и Избор на комисија за избори и именување.

Истата започна по половина час доцнење од најавениот почеток во 12 часот. Откако претседавачот Трајко Вељановски на говорницата го повика пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, а тој не беше присутен, дебатата ја отвори Димитар Стојананџија од ВМРО-ДПМНЕ. Тој го повика Заев да се откаже од тиранската платформа.

„Македонската јавност чека една реченица да биде изговорена, еден одлучен став. Една реченица која ќе ја нормализира состојбата во Македонија. Една реченица која ја посакуваат пензионерите. Таа реченица треба да ја изговори лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Реченицата гласи „Ја отфрламе Тиранската платформа бидејќи нема да и служи на Македонија“. Има уште две реченици, „СДС да направи влада со сто пратеници“. Како резултат на ова што го говорам, е ситуацијата која ја имаме во овие 45 дена, ситуација која ги изненади сценаристите на Република Македонија, а тоа се протестите. Апелирам посебно до оние кои ја добија довербата а не го кажаа тоа, да покажат државност. Граѓаните сакаат манифест, не сакаат платформа“, вели Димитар Стојананџија.

На говорот на Стојананџија, прв за реплика се јави Влатко Ѓорчев, исто од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

„Мојата е реплика е во она што се нарекува политички легитимитет. Кога доаѓа нова влада во Република Македонија, таа има поддршка од јавноста. Како и секоја влада ќе се соочи со поголеми проблеми и во тие две три години се случуваат многу работи. Ќе се навратам во 2002, каде СДСМ каде имаше 61 пратеник. Нас ни требаа три години да се израмниме со СДСМ во рејтингот, но не беше лесно. Се случи Законот за територијална поделба. На СДСМ во периодот 2006-2016, им требаше многу време тоа да се случи. Оваа влада во најава од прв ден е делегитимирана од граѓаните на Македонија. Оваа влада од прв ден има 200 илјади луѓе на улиците. Не е тајна дека СДСМ имаше повеќе гласачи во Карпош, Центар и Аеродром, но во еден куп други места отпорот кон оваа влада е голем“, вели Ѓорчев.

Откако Ѓорчев го кажа својот став со искористување на своето право на реплика, Милошовски го зема местото на говорницата.

„Разликата денес, за разлика од денот на изборите е тоа што за време на изборите даваа доверба заради различни проекти или угледот на пратеникот. Разликата е што денес сите кои гласале различно се сплотени. Не може поради еден политичар, кој има некакви проблеми со судот, да и биде судено на Македонија. Ние сме тука како граѓани на оваа земја, еднакви со оние кои протестираат, затоа што имаат причина и повод по изборите да се чувствуваат изневерени. Овие денови треба да бидеме достојни на нашата задача и да не долеваме масло на огнот и да го почитуваме гласот на народот“, вели Милошовски.

Зоран Илиовски праша дали е прифатено рушење на уставниот поредок, двојазичност на целата територија на Македонија и според него, најважното прашање, како планира да го реши името на Македонија и дали тоа ќе биде по грчки терк.

„Неспокојот на граѓаните го изразуваат на улиците, низ сите градови и населени места во Македонија. СДСМ на чело со нивниот лидер, сакаат на мала врата, со уставни решенија да ја редефинираат Македонија“, вели Зоран Илијоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Илија Димовски од говорницата, посочи дека работите не може да се кријат под маса.

„Ние во Собрание веќе трета недела зборуваме за платформа, декларација или како и да е. Надвор од Собрание се најавија три нови странски инвестиции, од кои една во Скопје, една во Струмица и третата во населено место Желино, каде 80% се Албанци. Треба да имаме платформи за пензионерите и младите, но наместо тоа, добиваме намера на редефинирање на Република Македонија.“, вели Димовски.

Пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ им укажа на пратениците од СДСМ дека завршило времето кога работите можат да се подметнат на мала врата.

„Живееме во претпразничка недела, но граѓаните од православна вероисповед, ве молам да не правиме работи кои предизвикуваат тензии. Ги молам сите пратеници, посебно оние од албанските партии, да ја следат целата ситуација и да понудат решенија за на крајот од денот да го видиме светлото на тунелот. Тврдо удирање во ѕид, никаде не ја води Македонија“, вели Мукоски

По низата реплики и контра-реплики, пратениот на СДСМ, Павле Богоевски им посочи на колегите пратеници дека денес се навршува една година од почетокот на „Шарената револуција“

„Повеќе од 10 дена го гледаме вашиот циркус, како го сквернавите она што за нас беше граѓанска свест. Денес е една година од најголемите граѓанско будење. Тоа беше спојување на партии и непартиски граѓани. Благодарение на „Шарена Револуција“, Груевски и останатите лица не се аболицирани и сте обвинети лица. Прво се криевте зад претседателот Иванов, сега зад Вељановски. Нè нарекувате насилници и криминалци, дека сме уништувале и сквернавеле споменици, но да почекаме прво да излезе на виделина вистината за проектот „Скопје 2014“. „Шарената револуција“ направи многу! Јас ќе бидам „шарен“ долго откако ќе бидам пратеник“, вели Павле Богоевски.

Вељановски му реплицираше на Богоевски, дека „Шарената револуција“ двапати го има оштетено Законодавниот дом, а истата се плаќала од џебот на граѓаните. По овие излагања, претседавачот Вељановски даде петнаесет минути пауза за пратениците. /крај/мф/кл

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Трамп се закани дека ќе ги однесе затворените борци на ИД на границите на Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските држави да ги примат назад своите граѓани кои ѝ се приклучиле на Исламската...

Македонија5 часа

Советот за реформи во правосудството: Избор на шеф на обвинителство предложен од партија отвора врата за политизација

Избор на шеф на кое било јавно обвинителство на предлог на политичките партии, вклучувајќи ја опозицијата, е решение кое отвора...

Интервју/Дебата6 часа

(Видео) Поповска од ДОМ: Оптимист сум дека на следните избори ќе гласаме во една изборна единица

Пратеничката од партијата ДОМ, Лилјана Поповска, во интервју за „Макфакс“ изјави дека очекува да помине иницијативата за една изборна единица...

Свет10 часа

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Топ14 часа

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија14 часа

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Македонија14 часа

(Видео) Одложено судењето на Латас, предметот „Тотал“ сѐ уште во доказна постапка

Денешното рочиште за случајот „Тотал“, каде што обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 17 октомври...

Свет15 часа

Во светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во...

Свет16 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа, еден загинат и петмина повредени

Еден човек загина, а петмина се повредени при пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Не...

Свет16 часа

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска, ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет16 часа

Саудиска Арабија почна воена операција во Јемен

Коалицијата што ја предводи Саудиска Арабија почна воена операција северно од јеменскиот пристаништен град Ходеида. Целта на операцијата, како што...

Европа1 ден

Макрон: „Жолтите елеци“ ме наведоа подобро да ги слушам луѓето

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека кризата со граѓанското движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, бидејќи...

Свет1 ден

Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен...

Македонија1 ден

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија1 ден

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија2 дена

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион2 дена

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ2 дена

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија2 дена

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ2 дена

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Досие