Контакт

Daily news

Продолжи 13-тиот дел од конститутивната седница, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го имаат „главниот збор“

Објавено пред

 

Тринаесеттото продолжение на конститутивната седница на Собранието, продолжи во слична атмосфера како и на претходните седници. Пратенците од ВМРО-ДПМНЕ ја отворија седницата и почнаа со говор, реплики и контрареплики. Пратеникот Трајко Димков во својот говор во духот на празникот повика на помирување на македонскиот народ и рече дека е неопходно да се најде заедничко решение за ова криза.

 

„Да ги разгледаме сите опции.Заеднички мора да ја надминеме оваа ситација.Да ги отвориме картите на маса, да ги видиме сите понуди, да ги вклучиме сите партии, па и граѓанскиот сектор.Не можеме да удоволиме само на етничка група.За ВМРО-ДПМНЕ избори не се последната опција, но во услови кога имаме една платформа која ни се наметна, не ни оставате простор за избор, рече пратеникот Димков.

 

Веднаш по пратеникот Димков, за реплика се јави пратеникот Влатко Ѓорчев кој рече дека економскиот просперитет е поважен за Албанците , отколку заедничката декларација. „Господине Димков викендов бев во Гостивар и Тетово.Сакам да ви кажам дека граѓаните ги интересираат нови фабрики и нови вложувања. Во фабриката „Леар“ има 1400 вработени и тоа е придобивка за целиот регион.Тоа е она што им треба на граѓаните“, вели Ѓорчев.

 

Во меѓувреме се јавија и други пратенции од ВМРО-ДПМНЕ, кои главно ја држат истата теза дека не се откажуваат од збор додека не се повлекла платформата.На денешната дебата главниот збор ќе го има пратеникот Трајко Димков кој е шести по ред од листата на пријавени за збор од вкупно 50 пратеници. Ова е трета недела по ред како седницата е закочена на третата точка од дневниот- за избор на Претседател и членови на Комисијата за избори и именувања./крај/мф/гд

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Економија9 минути

Мицкоски: Во јули и август имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на инфлацијата, изјави: „Па, да, јас кажав, ние...

Црна хроника48 минути

Стружанец пријавил дека бил грабнат со закана со оружје, па признал дека измислил

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Р. (32) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“,...

Македонија51 минута

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Сите настани околу прославата на 35 години самостојност ги платиле општествено одговорни компании, рече премиерот Христијан Мицкоски. Иако денес првпат...

Македонија56 минути

Само 32 отсто од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Резултатите од ПИСА 2025 се повторно многу лоши, но тие се одраз на претходно спроведените реформи во образованието, оцени денеска...

Македонија1 час

15-годишен битолчанец спаси тричлено семејство од давење во Грција

Петнаесетгодишниот Михаил Николовски од Битола помогнал да се спаси тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во морето...

Спорт1 час

НБА сака да ја преземе Евролигата

НБА е подготвена да ја купи и преземе Евролигата. Потенцијалната понуда на НБА за купување на Евролигата би можела да...

Свет1 час

Германија би можела да му достави на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Германија би можела да ѝ достави на Украина податоци за украинските мажи кои живеат во земјата и се способни за...

Свет2 часа

Кина воведува построги правила за вештачката интелигенција и авторските права

Кина планира да ги заостри и приспособи прописите за заштита на интелектуалната сопственост поврзани со вештачката интелигенција и алгоритмите, како...

Македонија2 часа

„Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, првично закажан за...