Daily news
Проекција на „Ден на ослободувањето“, филм за гостувањето на „Лајбах“ во Северна Кореја
Филмот на норвешкиот провокативен автор Мортен Травик, што зборува за севернокорејската вистинската приказна за тоа како Демократска Народна Република Кореја за првпат покани западна рок група да свири во земјата ќе биде прикажан утревечер, во 19.00 часот, во Кинотеката во рамките на Скопскиот филмски фестивал.
Групата одбрана за оваа чест се словенечките арт-рок ветерани „Лајбах“, формирани во Југославија, познати по тоа што сатирично флертуваат со фашистички метафори.
Идејата на „Лајбах“ е да ги свират своите аранжмани на песни од американскиот мјузикл „Моите песни, моите сништа“ – еден од ретките западни филмови дозволени и сакани во земјата.
Звучи бизарно, особено затоа што владата на Северна Кореја прво ги одбила „Лајбах“ поради нивниот дрзок милитаристички шик. Травик прикажува една мачна вечера кога комунистички функционер држи тажен, но прилично искрен говор со кој јасно се става до знаење дека позите на „Лајбах“ се неприфатливи. По тешки преговори со официјалните лица, овој чуден концерт се одржа: навистина историски настан.
Соочувајќи се со строгата идеологија и културолошките разлики, групата се мачи да ги протне своите песни низ иглените уши на цензурата пред да ги претстави пред публиката која дотогаш не слушнала алтернативна музика.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
