Daily news
Путин на Турција ѝ го продава моќниот систем С-400
НАТО членката Турција блиску е до комплетирање на договор со Русија за купување на моќниот ПВО систем „С-400 Триумф“, а конечниот договор би можел да биде склучен на 3 мај.
Турскиот министер за одбрана, Фикри Ишик, соопшти дека на тој датум претседателите Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин ќе се сретнат во Сочи, а купопродажбата на С-400 ќе биде главна тема на разговор.
„По состанокот треба да се дојде до следните чекори за купување на рускиот ракетен систем. Договорот е во финална фаза, но тоа не значи дека и ќе биде потпишан утре. Но, очигледно дека на Турција тој систем ѝ е потребен“, рече Ишик. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
