Daily news
Радикализираните исламисти поттекнуваат од побожни семејства
Претпоставката дека поголемиот дел од исламските радикализирани млади луѓе, малку знаат за верата, не е точна. Поголем дел од нив потекунуваат од побожни семејства, покажува едно истражување кое го направил австрискиот експерт за ислам, Еднан Аслан.
Целта на неговото истражување била да се анализира улогата на верата во процесот на исламистичката радикализација. Со анализата на биографијата и во разговорите со младите во затворите, Аслан се обидел да го утврди патот на радикализацијата. Истражувањето покажало дека младите активно се занимавале со содржините, нормите и вредностите на силамот. Тие го разбираат салафизмот како целосен верски и општествен концепт, кој треба да се примени во целиот живот и мора да биде над државата.
„Во радикализираните сцени централна улога имаат одредени џамии, бидејќи шират одредени верувања, кои водат кон салафизам“ стои во статијата.
Тие ја одбиваат демократијата и бараат исламскиот закон да биде основа во општеството, вели истражувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
