Daily news
Разменување работи без пари во Градскиот парк
Утре од 16.30 часот во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи Разменотека . Идејата на овој настан е да се донесе сѐ што не им треба на посетителите, а да земат сѐ што им треба. Замислено е како разменување на работи без пари. Организаторите „Кален“, велат дека посетителите може да разменуваат материјални и нематеријални работи, односно може да се заменат од совети за рецепти до песна или идеја. Во размената може да бидат и уметнички дела, облеки, билки, кујнски прибор, стара правосмукалка, штоф за шиење, цреши од двор, играчки, скии, лакови за нокти, очила, книги, плочи. Сѐ што ќе остане, ќе биде донирано во хуманитарни цели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
