Контакт

Daily news

Ракометарките почнаа со подготовки за баражот со Шведска

Објавено пред

Сениорската женска репрезентација на Македонија утрово, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје го одржа првиот собир за почеток на подготовките за бараж-двомечот за СП 2017 со Шведска.

Селекторот Симе Симовски по кусиот состанок со присутните ракометарки го одржа и првиот тренинг, а веќе вечерва, на вториот тренинг, се очекува репрезентацијата да биде комплетна.

Според распоредот, ќе се тренира двапати дневно, денеска и утре, односно до заминувањето за Турција в среда, каде Македонија ќе настапи на меѓународен подготвителен турнир.

На турнирот во Анталија, кој ќе трае до недела (4 јуни), покрај со домаќинот Турција, нашата селекција ќе одигра натпревари и со соодветните селекции на Литванија и Русија.

По враќањето во Скопје, нашите репрезентативки ќе ги продолжат тренинзите до првата од двете бараж средби против Шведска за пласман на СП 2017. Првиот натпревар ќе се одигра во СРЦ „Кале“ во Скопје, на 10 јуни, со почеток од 20:30 часот. Реваншот во Шведска е предвиден за 13 јуни 2017. крај/мф

Најново

Свет10 минути

(Фото/видео) Еден од најголемите украински стадиони погоден во руски напад

Во денешниот руски напад врз Одеса, стадионот на „Чорноморец“, еден од најголемите во Украина и дом на истоимениот фудбалски клуб,...

Македонија40 минути

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а...

Соопштенија43 минути

„Кожувчанка“: Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 1.500.000 евра преку донации и спонзорства во Македонија

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните...

Култура1 час

Три македонски филмови се снимаат летово, четвртиот почнува на крајот на август

Македонската кинематографија ова лето бележи интензивен продукциски период, во моментов се снимаат три македонски долгометражни играни филмови, а кон крајот...

Македонија2 часа

Македонец во Кушадаси сериозно ги повредил вратните пршлени, со владиниот авион ќе биде пренесен во Скопје

Млад турист од Македонија се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Турција. Тој...

Забава2 часа

Нутриционисти ги откриваат најдобрите ужинки за деца

Кога децата ќе огладнат помеѓу оброците, родителите често посегнуваат по колачиња или чипс. Сепак, нутриционистите советуваат дека ужинката треба да...

Култура2 часа

„Лабораториум“ го почнува проектот „Лифт“ со бесплатни музички работилници за теремин

Културниот и едукативен центар ЛАБОРАТОРИУМ го започнува новиот проект „ЛИФТ“, културна иницијатива насочена кон развој и поддршка на младата публика...

Свет3 часа

Шпанија ѝ даде рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли

Шпанија ѝ даде рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли воведени за патниците од Шпанија, кои Мадрид...

Македонија3 часа

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје за една недела, тројца пациенти во критична состојба

Во текот на оваа недела во земјата се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи...